Bold Films, продуцентите на хит филмовите Drive и Whiplash, потврдија дека ќе бидат дел од продукцијата на филмот за  Isle of Man TT. Сценариото и режијата ќе биде на Бен Јангер, кој и самиот е поранешен професионален возач.

Во филмот ќе стане збор за мото натпреварувач од Америка кој ќе се врати од пензија за да настапи на уште една трка на Isle of Man.

anstey

Приказната за филмот можеби е веќе видена, но фактот дека во продукцијата ќе учествува и Bold Productions, ни ветува дека ќе гледаме интересен филм. Во моментов, нема дополнителни податоци освен неколку гласини кои ни дојдоа од Honda и според кои, главниот лик во филмот ќе го глуми Мет Дејмон и ќе вози CBR1000RR. Покрај него, во фимот ќе настапи и Камерон Доналд.

Разговаравме со одговорните од Bold Productions но од таму негираа дека имаат разговарано со Дејмон или Доналд.

Без разлика кој ќе глуми или пак каков мотоцикл ќе вози, ние со нетрпение го очекуваме филмот.

Back To Top