За само 18 месеци имаме нова поправка на патеката во Силверстоун.

За само 18 месеци имаме нова поправка на патеката во Силверстоун. Сето ова се прави со цел познатата патека повторно да се најде меѓу најдобрите во Велика Британија. Откако на почетокот на 2018 година беше ставен еден слој на асфалт, кој за жал остави повеќе испакнати делови на патеката, беше донесена одлука да се откаже оддржувањето на познатата трка.  

Веднаш по тој настан, Италијанската компанија Dromo, која имаше голема улога во поправките и дизајнот на патеките во Сепанг, Каталуња и Муџело, беше повикана да ја испита состојбата на патеката.

Тие потпишаа договор за одново да ја направат патеката а во тоа ќе им помогне и компанијата Tarmac.

planing silverstone txt 1 20 06

Ја посетивме стазата минатата недела за да се увериме како се одвива работата. Одредени делови од патеката се отстранети а кога ќе биде целосно готова, таа на некои делови ќе биде повисока за 70 милиметри а некои за 70 милиметри пониска. Компанијата има за цел да ги намали местата каде што има испакнатини а исто така ќе ја подобри и дренажата на 3.67 милји долгата патека.

Јарно Зафели, човекот кој е одговорен за дизајнот вели: „Го менуваме секој дел на патеката и притоа користиме технологија која никогаш досега не била употребена во Велика Британија или пак во некоја друга патека во светот. Претходно, самата геометрија на патеката не дозволуваше водата брзо да се отстрани од патеката.“

Ваквите значајни промени се направени уште при етапата на планирање а беа употебени и ласери за се да биде под контрола. Кога ќе биде готова патеката, Зафели вели дека дренажата ќе биде за четири пати побрза.

tarmac trucks silverstone txt 2 20 06

„Во однос на испакнатите делови можам да кажам дека состојбата на патеката сега е многу подобра од претходно. Но сепак треба да ставиме уште два слоја на асфалт.“

Пред 12 месеци, сите им се смееја на организаторите на трката. Во држава која е позната по дожливото време, една трка од MotoGP календарот мораше да биде откажана бидејќи на патеката имаше премногу вода.

silverstone spirit level txt 3 20 06

„Целта ни е Сиверстоун да биде најдобрата патека. Поради сето тоа што се случи минатата година, очекувањата сега се многу високи. Велат дека патеката мора да биде совршена.“

Британската компанија Tarmac, која исто така работи на патеката ја употребува најновата технологија за се да биде во ред. Тие неодамна беа одговорни за поправката на главниот аеродром во Лондон но велат дека технологијата која ја применуваат тука е многу понапредна.

Ричард Вајн, регионалниот директор на Tarmac вели: „Самиот материјал кој го користиме е многу робусен и поради тоа патеката ќе биде поиздржлива. Материјалот ќе се носи со 150 камиони а откако ќе го поставина на патеката потоа следи другиот дел од работата.“

motogp silverstone header txt 4 20 06

Реакција на возачите на новата подлога на патеката во Силверстоун

Сем Ловс

„Одлично е продолжувањето на догогворот со Силверстоун бидејќи навистина ми се допаѓа оваа патека. Немав голем успех досега но би сакал да победам на Британската Гран При. Ова покажува голема посветеност од органзаторите кои се одлучија на ваков чекор. Сакам кога возам пред Британската публика и со нетпрение чекам да почне трката.“

Џејк Диксон

„Она што се случи минатата година не беше добро како за нас така и за фановите. Се надевам дека оваа година добро ќе биде завршена работата и нема да има испакнати делови. Се надевам дека оваа година ќе ги решат сите проблеми. Потоа ќе можеме да направиме вистинско шоу за сите фанови.“

Џон МекФи

„Одлично е што Силверстоун добива нова подлога пред да пристигнеме во август. Мислам дека тоа беше неопходно по се она што се случи минатаат година. Ова е трка на која секогаш уживам кога возам.“

Силверстоун доби продолжување на договорот до 2021 година откако беше потврдено дека патеката ќе има целосни промени. За само една година, ова ќе биде втора поправка на патеката. Ова е одлична вест за Британските фанови и конечно се става крај на неизвесноста.

tarmac silverstone 2 txt 5 20 06

Трката во Силверстоун ќе се одржи помеѓу 23-ти и 25-ти август.

Оваа патека е домаќин на MotoGP серијата уште од 2010 година. Претходно, во периодот од 1987 до 2009 година домаќин на MotoGP серијата беше Донингтон Парк.

stuart pringle txt 6 20 06

Интервју со директорот на патеката во Силверстоун, Стјуарт Прингл

Директорот на патеката во Силверстоун, Стјуарт Прингл вели дека направил се за да се осигура дека патеката ќе ги има најдобрите услови за возачите.

„Формиравме нов тим кој треба да ја заврши работата и веќе започнавме со тестови. Но најважно од се е тоа што Dorna не се откажа од нас. Минатата година имаше големо невреме но и покрај тоа Dorna  продолжи да ни верува, го продолжија договорот со нас и сега ќе го гледаме трките на оваа патека најмалку до 2021 година“, изјави Прингл.

Пригнл вели дека тој и неговиот тим научиле многу од се она што се случи минатата година и дека сега поинаку ќе им пристапат на работите. Тој вели дека сето ова е направено со цел трките и во иднина да продолжат да се одржуваат на оваа патека.

„Потрошивме многу пари за да ги ангажираме најдобрите дизајнери. Со претходната компанија соработувавме 20 години. Тие не се лоши но јас погрешив бидејќи бев премногу лојален и не сакав да ја прекинам соработката. Но очигледно е дека имаше проблем.“

„FIM ни дадоа стрикни инструкции и затоа се мораме да направиме како што треба. На крајот, компанијата со која соработувавме одлучи да се повлече а потоа склучивме договор со Tarmac.“

tarmac silverstone 1 txt 7 20 06

Пол Флитхам, директорот на Tarmac, вели: „Навистина сме гордни што имаме можност да работиме на оваа патека. Тоа го покажува нашиот квалитет и досегашен успех во работата. Составивме тим од врвни професионалци кои ќе треба да завршат еден неверојатен проект.“

Интервју со менаџерот на Michelin Motorsport, Пиеро Тарамасо

Шефот на Michelin вели дека е исправна одлуката што им се обратиле ним во однос на самата површина на патеката.

„Имавме контакти со одговорните лица во Силверстоун и побараа наше мислење во однос на површината на патеката. Ние не сме експерти во оваа област но не прашаа што најмногу ќе ни одговара. Им кажавме неколку работи кои најмногу ни одговараат на нас. “

Но и покрај желбата на Michelin да тестира пред одржувањето на трката, се чини дека тоа нема да биде возможно.

„Секогаш кога има нов асфалт на некоја патека сакаме да тестираме. Можеби тоа чини повеќе но сепак се исплати. Тогаш добивате најдобри податоци и знаете дека пневматиците се добри.  Бидејќи нема да можеме да тестираме, на трката ќе донесеме уште еден сет на пневматици во случај површината да е премногу цврста или пак абразивна.“

carlos ezpeleta txt 8 20 06

Интервју со спортскиот директор на MotoGP, Карлос Езпелета

Спортскиот директор на MotoGP, Карлос Езпелета вели дека одлуката на одговорните лица на патеката во Силверстоун да стават нова површина јасно покажува колку им значи соработката со MotoGP.

„Бидејќи тие направија волку голема инвестиција, ние од наша страна моравме да им обезбедиме продолжување на договорот. Ова е доста важна трка за нас и благодарни сме што го направија овој чекор.“

Како се одвиваа настаните на патеката во Силверстоун

motogp silverstone 2 txt 9 20 06

Август 2017

MotoGP возачите почнаа да се жалат на површината на патеката кај одредени свиоци.

Февруари 2018

Силверстоун започна со целосна обнова на патеката, прва по две децении.  И покрај лошото време, се чинеше дека се се одвива како што треба.

Мај 2018

Кал Кратчлоу стана првиот возач кој настапи на новата патека. Првите импресии беа добри.

Јуни 2018

Трката од Формула 1 серијата беше првиот официјален настап на оваа патека. Возачите изјавија дека има многу испакнати делови на патеката и дека ги жалат MotoGP натпреварувачите кои ќе треба да настапат таму.

Август 2018

За прв пат по 30 години една трка беше откажана. Патеката беше полна со вода.

Септември 2018

Силверстоун им ги врати парите на фановите кои дојдоа на трката.

Мај 2019

Одговорните донесоа одлука повторно да се стави нов асфалт на патеката.

Јуни 2019

Патеката доби нов асфалт.

Август 2019

Тимовите од MotoGP серијата повторно ќе се вратат во Силверстоун

Back To Top