Патеката во Силверстоун ќе добие нова подлога во јуни, во пресрет на Британската Ф1 трка и ќе биде подготвена да ги пречека MotoGP тимовите за трката која ќе се одржи во август.

Патеката во Силверстоун ќе добие нова подлога во јуни, во пресрет на Британската Ф1 трка, и ќе биде подготвена да ги пречека MotoGP тимовите за трката која ќе се одржи во август.

Новата подлога беше еден од условите за патеката да може да биде домаќин на трка од MotoGP серијата. После проблемите кои се случија минатата година, кога трката мораше да биде откажана бидејќи организаторите не успеаа навреме да ја отстранат водата од патеката, FIM ја суспендираше нивната лицена и Силверстоун не беше во можност да организира мото трки.

За да не се повторат проблемите, Силверстоун го доведе Јарно Зафели, сопственик на Studio Dromo, инжинерска компанија која има големо искуство во дизајнирање на патеки. Tarmac Ltd пак ќе биде одговорен за новиот слој на асфалт кој ќе го добие патеката.

silverstone circuit logo stripe txt 10 05

Зафели е советник на Dorna за безбедност на патеката и дизајнот. На еден начин тој е клучната личност која ги надгледува процесите.

Специјална опрема е донесена од Јапонија а патеката ќе биде модификувана за побрзо да ја отстранува водата.

Желбата на Силверстоун да ги промени соработниците преставува знак колку силно тие посакуваат да останат дел од MotoGP. Нивиот договор е продолжен и сега Силверстоун ќе остане дел од серијата најмалку до 2021 година. Според засега непотврдени информации, договорот можеби е продолжен дури за дополнителни пет години.

Но иако е потпишан нов договор, се уште не е прекинат спорот меѓу Силверстоун и компанијата која требаше да ја поправи патеката минатата година. Иако се биску до договор, компаниите се уште преговараат за тоа како да се поделат трошоците кои настанаа поради откажување на трката.

Back To Top