Вести од светот

Продолжува да расте продажбата на мотоциклите на Ducati

И покрај кризата со која се соочува пазарот на мотоцикли во моментов (продажбата на моделите кои имаат зафатнина поголема од 500cc имаат намалување на продажбата од 3.5 %), Ducati успеа да се спротистави на овој тренд и пријави пораст на продажбата за минатата година.

Следете нè на:

 

Ова за нив ќе биде осумнаесетта година по ред како остваруваат приход. Компанијата со седиште во Болоња, минатата година продаде 55.871 мотоцикли со што оствари раст од 0,8 проценти. Вкупниот обрт кој компанијата го имаше минатата година изнесува 736 милиони евра, а профитот 51 милион евра.

ducati factory

„Овој резултат ја потврдува стратегијата за развој која ја спроведовме во минатите неколку години,“ изјави Клаудио Доменикали, извршен директор на Ducati Motor Holding. „Во 2017 година ги поставивме основите за идниот развој на компанијата. На пазарот претставивме седум нови модели. Покрај тоа го имаме и моделот Panigale V4 кој е првиот фабрички мотоцикл на Ducati кој има четири цилиндричен мотор. Минатата година исто така дополнително ја развивме и Scrambler линијата. За време на EICMA мото шоуто, Scrambler брендот го презентираше првиот комплетно нов мотоцикл од неговото основање, Scrambler 1100, кој дава една нова димензија на Ducati Scrambler преку нова технологија и врвни перформанси.“

Би можело да ве интересира

Новиот возач на Repsol Honda ќе го пропушти првиот тест од сезоната 2019 поради операција на раката

Имавме разговори со Педроса. Бевме многу блиску до договор - Разлан Разали, извршен директор на Sepang

Пол Еспаргаро има само една цел во текот на зимската пауза: Да оздрави.

На два дена пред официјалното претставување на MotoGP тимот на Honda, Хорхе Лоренцо ќе мора да оди на операција

За Аргентинецот, Николас Кавиглиасо, релито Дакар 2019 беше само второ учество на овој настан. Но и покрај тоа, тој доминираше на поголем дел од трката и со неговата Yamaha YFZ-400 успеа да стигне до првата позиција.

МотоГП тимот на Дукати денеска официјално го претстави Desmosedici GP19.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.