Неодамна ACEM објави 4.7 % зголемување на продажбата во првиот квартал за 2018 година, односно во првите три месеци од годината биле продадени 203,853 мотоцикли.
Растот на глобалната продажба пред се се должи на клучните пазари, Франција(+9.1%), Германија(+1.9%) и Велика Британија(+7.4%).
Сепак, пораст на продажбата на мотоцикли нема во сите Европски земји. Опаѓање има во Чешка(-17.3%), Полска(-28.7%) и Австрија(-18.9%).
Исто така, растот не е ист во сите сегменти. За разлика од големите мотоцикли, чија што продажба расте, продажбата на помали модели во Европа е значително опадната и е намалена за 24.996 примероци во споредба со минатата година.
Дел од намалувањето се должи и на растот на електричните мотоцикли чија што продажба се зголеми за 118 % кај поголемите модели и за 50.8% кај помалите модели.
Зголемената продажба на електрични мопеди и мотоцикли сигурно не влијае толку на намалената продажба на мотоциклите со зафатнина од 50cc, но вреди да се напомене транзицијата од бензин на струја.
Она што недостига во извештајот е големата продажба на „e-bike“ во Европа што сигурно допринесува за намалената продажба на мопедите на бензин.
„E-bike“ сочинува околу 30% од пазарот на велосипеди во Европа во моментов, што само по себе е една голема бројка, а мото индустријата треба да посвети поголемо внимание на овој факт.
Земја | Q1 2017 | Q1 2018 | % Промена |
Франција | 33,884 | 36,979 | +9.1 |
Холандија | 3,647 | 3,489 | -4.3 |
Италија | 45,495 | 46,126 | +1.4 |
Белгија | 5,624 | 6,004 | +6.8 |
Шпанија | 24,898 | 29,063 | +16.7 |
Австрија | 4,846 | 3,929 | -18.9 |
Полска | 2,937 | 2,095 | -28.7 |
Англија | 21,874 | 23,485 | +7.4 |
Данска | 715 | 502 | -29.8 |
Германија | 35,401 | 36,058 | +1.9 |
Словениа | 498 | 334 | -32.9 |
Португалија | 4,011 | 4,674 | +16.5 |
Финска | 466 | 340 | -27.0 |
Хрватска | 315 | 146 | -53.7 |
Латвија | 126 | 92 | -27.0 |
Чешка | 2,316 | 1,915 | -17.3 |
Естониа | 103 | 83 | -19.4 |
Литваниа | 65 | 60 | -7.7 |
Лухембург | 341 | 378 | +10.9 |
Словачка | 729 | 620 | -15.0 |
Романија | 127 | 183 | 44.1 |
Вкупно | 194,655 | 203,853 | +4.7 |
Извор: ACEM