Словенскиот производите на издуви „Akrapovič“ е добитник на престижната награда „Red Dot: Best of the Best“ за издувот на Ducati 1199 Panigale.

akrapovic-nagrada

Словенскиот производите на издуви „Akrapovič“ е добитник на престижната награда „Red Dot: Best of the Best“ за издувот на Ducati 1199 Panigale.

Светски познатиот производител на издуви „Akrapovič“ е добитник на наградата од Red Dot за Evolution серијата на издуви за Ducati 1199 Panigale. Одличната изработка, квалитетот и дизајнот беа пресудни за меѓународното стручно жири да му ја додели престижната награда на Словенскиот производител.

Се работи за модел кој за прв пат беше презентиран на саемот „EICMA“ во Милано, и претставуваше прв издув целосно изработен од титаниум. Ова му овозможува значително подобри перформанси во однос на обичните материјали кои ги користат останатите производители. Издувот се карактеризира со мала тежина и огоромна издржливост на високи температури.

Panigale 0060 RedDot

Red Dot е најголемиот организатор натпревар за дизајн во светот. Акрапович ја доби наградата во конкуренција од 4800 производи, од 1800 производители кои беа дело на дизајнери и архитекти од 53 земји. Само 1.5% од сите учесници добиваат признание.

Акрапович е Словенска компанија, основана пред 23 години од страна на поранешниот мото тркач Игор Акрапович. До сега, 87 светски шампиони на две и четири тркала на своите возила ги носеле издувните системи на Акрапович. Компанијата има нај модерна фабрика во Словенија во која се вработени повеќе од 500 луѓе, а своите производи ги извезуваат во повеќе од 60 земји, меѓу кои е и Македонија, преку увозникот за Акрапович - Макпетрол.

Back To Top