Се појавија неколку гласини кои укажуваат на тоа дека релито Дакар следната година ќе се вози во Саудиска Арабија.

На интернет се појавија неколку гласини кои укажуваат на тоа дека релито Дакар следната година ќе се вози во Саудиска Арабија. Наводно, организаторите на настанот потпишале пет годишен договор со Арапската држава.

Ова значи дека после 11 години, релито ќе ја напушти Јужна Америка. Првично, тоа беше преселено на овој континент поради опасност од терористички напади во Африка.

Rally Saudi Arabia Txt 1 09 04

Откако заинтересираноста за настанот опадна, минатата година релито за прв пат се одржа само во една држава, Перу. Иако постоеја гласини дека тоа повторно би можело да се врати во Африка, парите кои ги платиле првите луѓе на Саудиска Арабија биле одлучувачки релито да се одржи на Блискиот Исток.

Арапската држава веќе вложува во спортот и сака да има уште еден ваков настан на својата територија. Саудиска Арабија веќе е домаќин на Формула Е шампионатот како и трка од Рели серијата која е подржана од FIA.

Back To Top