Вести од светот

Riders Share – Airbnb за мотоцикли

Оваа интернет страна им овозможува на сопствениците на мотоцикли да можат да ги изнајмат на други лица за многу помала цена.

Следете нè на:

 

Оваа интернет страна им овозможува на сопствениците на мотоцикли да можат да ги изнајмат на други лица за многу помала цена.

Ridersshare

Доколку не сте запознаени, Airbnb за многу кратко време го овои светот на изнајмувањата. Оваа интернет страна им овозможува на сопствениците да го изнајмат својот дом на одреден период. И покрај тоа што во последен период претрпе одредени критики, таа сепак има постигнато огромен успех. Клучот на нејзиниот успех е цената. Можете да изнајмите стан во центар на град за половина од цената која би ви ја побарале во хотел. Сега, Riders Share сакаат да ја искористат истата оваа формула но за изнајмување на мотоцикли.

Riders Share им овозможува на сопствениците на мотоцикли да ги огласат на нивната страна и да изберат по која цена може да се изнајми мотоциклот.  Цената зависи од сопственикот но во секој случај таа е помала отколку да изнајмите во продавница за мотоцикли. Во Калифорнија можете да изнајмите Ducati 848 за 54 долари од ден, а во Њу Јорк, доколку сакате да изнајмите Harley Davidson Road King, тоа ќе ве чини 43 долари. На ова треба да се додаде и осигурувањето кое изнесува 15 долари од еден ден.

За да се заштитат и двете страни, ќе мора да покажете валидна возачка дозвола, а исто така и дека мотоциклот е редовно одржуван кај овластен сервисер. Можноста за изнајмување на мотоцикл во моментов е достапна само во САД но се чини дека за брзо време ќе го освои и остатокот од светот. Но главното прашање е дали би го изнајмиле вашиот мотоцикл?

Би можело да ве интересира

„Не е случајност и не се работи само за една трка. Од минатата година на патеките во Мисано и Арагон, постојано се наоѓаме блиску до подиумот“ – Давиде Бривио.

Мојата главна цел е да се обидам и да дојдам до место во некој фабрички тим. Би сакал тоа да биде Ducati.

Организаторите на релито Дакар објавија дека познатата трка од Јужна Америка ќе се префрли во Саудиска Арабија.

„Имавме поинаков проблем во споредба со вчера“ – лошиот старт на сезоната за Хорхе Лоренцо продолжи и на патеката во Тексас.

Можам да се обложам дека во 98 проценти од сите прегледи кои ќе ги најдете за Guzzi V85 TT, по неколку пати ќе го сретнете зборот „карактер“ и какво е вашето чувство кога сте на оваа класична, ендуро машина како што ја нарекува Moto Guzzi.

„Во последниот круг се обидов да останам смирен бидејќи знаев дека Валентино има големо искуство во вакви ситуации“ – Алекс Ринс.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.