Ова што го гледате е „Honda Riding Assist-e“, мото концептот со кој Honda ќе дебитира на мото шоуто во Токио кое ќе започне следниот месец.

Ова што го гледате е „Honda Riding Assist-e“, мото концептот со кој Honda ќе дебитира на мото шоуто во Токио кое ќе започне следниот месец. Од компанијата во моментов не откриваат повеќе детали, но се чини дека негова главна задача ќе биде да ја претстави технологијата за самобалансирање на Honda.

Honda Riding Assist e concept 07

Ова не е премногу различно од концептот на Honda кој го видовме на почетокот на годинава, само ја има додадено буквата „е“ на крајот. Ова се однесува на електричниот погон кој го поддржува концептот.

Самиот концепт е интересен но уште поинтересно е самата технологија и каj кои модели на Honda таа би можела да се најде. Бидејќи од компанијата веќе најавија дека новиот „Gold Wing“ ќе дебитира во Токио, можеме да се надеваме дека Јапонскиот производител во него ја вклучил и оваа технологија.

Honda Riding Assist e concept 06

Погледнете го ова видео за да ја видите на дело најновата технологија на Honda.

Back To Top