Во Австралија осамна оглас дека се продава Yamaha RZ500N од 1985 година, и немаше да има ништо невообичаено со огласот, додека не се покажа дека Јамахата е нова, со 0км, сеуште спакувана во кутијата со која е испорачана од Јапонија!

yamah rz500n

Би одвоиле ли вие 22.000 евра за нешто толку старо, а сепак ново?

Во Австралија осамна оглас дека се продава Yamaha RZ500N од 1985 година, и немаше да има ништо невообичаено со огласот, додека не се покажа дека Јамахата е нова, со 0км, сеуште спакувана во кутијата со која е испорачана од Јапонија!

Продавачот во огласот пишува дека ги има сите пропратни елементи (резервниот клуч, налепниците, сервисното упатство...) и дека како што може да се види од сликите моторот е во беспрекорна состојба.

За убавецот кој е толку стар, а сепак нов, продавачот бара 22.000 евра. Би дале ли вие толку пари?

Доколку некој од вас се реши да ја купи Јамахата, линкот до огласот е во продолжение: http://www.trademotorcycles.com.au/detail/motorcycles/motorcycles/yamaha/rz500n/163928

Back To Top