Вести од светот

Се продава WSBK мотоциклот на Ники Хејдн

Сега имате можност да станете сопственик на уникатна машина.

Следете нè на:

 

Кога Супербајк мотоцикл ќе се најде на продажба, знаете дека со него ќе дојдат и сите оригинални делови како и педигрето кое го има. Но друга работа е кога со тој мотоцикл настапувал еден возач каков што беше Ники Хејдн, кој се уште има голема армија на фанови.

Денеска имате можност да станете сопственик на Honda CBR1000RR SP2 WorldSBK тркачкиот мотоцикл со кој настапуваше Хејдн. Доколку имате 95 илјади евра, тогаш оваа машина би можела да стане врвен дел од вашата колекција.

Nicky Hayden WorldSBK Honda txt 14 03

Мотоциклот, кој го продава Тен Кате, ја има оригиналната шасија, мотор, ECU и електроника. Машината ги има истите спецификации кои ги користеше Ники Хејдн додека беше на патеката.

Еве ја целосната листа:

𝙀𝙣𝙜𝙞𝙣𝙚: TKR / Cosworth engine kit

𝙀𝙡𝙚𝙘𝙩𝙧𝙤𝙣𝙞𝙘𝙨: Cosworth package with TKR fly-by-wire system*

𝙎𝙪𝙨𝙥𝙚𝙣𝙨𝙞𝙤𝙣: Öhlins WSBK spec

𝘽𝙧𝙖𝙠𝙞𝙣𝙜: Nissin WSBK spec calipers & Yutaka discs

𝘾𝙝𝙖𝙨𝙨𝙞𝙨: Aluminium braced

𝙎𝙬𝙞𝙣𝙜𝙖𝙧𝙢: TKR / GPMS (Hayden spec)

𝙒𝙝𝙚𝙚𝙡𝙨: Marchesini

𝙀𝙭𝙝𝙖𝙪𝙨𝙩: Akrapovic WSBK spec

Електронскиот пакет е креиран во соработка со Cosworth.

Тен Кате вели дека мотоцилот е во одлична состојба и дека е подготвен за тркачката патека. Холандскиот тим исто така ќе ви издаде и потврда за автентичност.

За повеќе информации контактирајте го Кервин Бос на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Би можело да ве интересира

Организаторите на MotoE серијата ги потврдија причините за пожарот во Херез во кој настрада поголем дел од опремата и мотоциклите на тимовите.

Маверик Вињалес ги уништи пневматиците во обид да ги претекне своите ривали. Вели дека мора да направи промени во случај тоа да се повтори и во иднина.

Алваро Баутиста продолжува со перфектниот старт на новата сезона и стигна до нов хет трик од победи.

FIM потврди дека жалбата која тимовите ја поднесоа против Ducati ќе биде разгледана од страна на Апелацискиот суд надлежен за MotoGP а сослушувањето треба да се одржи овој месец.

Алваро Баутиста го претекна Џонатан Реа и се најде на првото место по завршувањето на слободниот тренинг во Тајланд. Двајцата возачи постојано го подобруваа своето време.

Тимскиот менаџер на Suzuki, Давиде Бривио, тврди дека новиот уред на мотоциклот на Ducati има врска со аеродинамиката. Вели дека Suzuki поднесе жалба со цел засекогаш да се реши проблемот.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.