Honda дизајнираше футуристички NM4 Vultus мотоцикл кој ќе биде дел од филмот Ghost in the Shell – а на него ќе се вози Скарлет Јохансон.

Honda дизајнираше футуристички NM4 Vultus мотоцикл кој ќе биде дел од филмот Ghost in the Shell – а на него ќе се вози Скарлет Јохансон.

ghost in the shell 1

Стандардниот Vultus кој беше претставен во 2014 година веќе изгледа како да дошол од иднината. Главната актерка во филмот, Јохансон, вози со мотоциклот во еден футуристички свет. Таа е војник која има за цел да ги запре најопасните криминалци.

Стандардниот Vultus е микс помеѓу удобното возење на скутер и крузер. Половина од седиштето може да се исправи за да може возачот да се потпре на него и да се одмори.

Сепак, Ghost in the Shell Vultus беше трансформиран во агресивен спортски мотоцикл и има променет издув, држачи за нозете и минималистички изглед. Според фотографиите, овој мотоцикл изгледа како да има комплетно променет систем за управување но најверојатно ќе има стандардна вилушка. 

Овој мотоцикл има паралелен твин мотор со зафатнина од 745cc, тој доаѓа заедно со „Dual Clutch Transmission“ системот, а доколку се одлучи Хонда за продукциска верзија сигурни сме дека ќе има голема заинтересираност.

ghost in the shell 2

Back To Top