Некои приказни се навистина импресивни.

Некои приказни се навистина импресивни а една таква која ни остави посебен впечаток е онаа за Стефан Бувиер и Помпи. Бувиер се натпреварува на релито Дакар а во исто време е и пожарникар. Но тој управува и со хуманитарна организација заедно со Помпи, мало плишано мече. Неговата фондација има за цел да им помогне на сите деца кои имаат проблеми.

Стефан, истовремено си пожарникар и рели возач. Како успеваш да ги искомбинираш овие две работи?

- Мојот татко возеше мотокрос и голем дел од детството го поминав на патеката. Дури малку возев и јас. Но бидејќи тоа е скап спорт, немав свој мотоцикл. Кога наполнив осумнаесет години се приклучив на противпожарната служба во Париз. Таму запознав колега кој исто така вози мотоцикл. Со првата плата купив мотоцикл и веднаш почнав да возам. Се натпреварував во неколку шампионати и навистина уживав. Не е лесно да се комбинираат овие две работи но јас навистина уживам. Повеќе од 20 години сум пожарникар.

Stephane Bouvier txt 1 19 11

Што прво те привлече кај Ендуро трките а потоа и евентуалниот премин во релито Дакар?

- Во еден момент станувате стар за мотокрос и затоа одлучив да преминав во Ендуро. Заедно со уште еден пожарникар почнавме да се натпреваруваме во Ендуро шампионатите. А пред да те одберат за настап на релито Дакар, мораш да се докажеш во други натпреварувања.

Stephane Bouvier txt 2 19 11

Како помина на Дакар?

- Беше тешко, но тоа и се очекуваше. Два пати немав среќа. За време на првиот настап бев дел од ‘Original by Motul’ категоријата.  Уште пред да почне првата етапа, мотоциклот не беше во најдобра состојба. Потоа работите само се влошуваа. Мотоциклот имаше нови делови. Но и ден денеска се уште не знам зошто работите не се одвиваа како што треба. Но не се откажав и решив да останам и да им помагам на останатите возачи. Сакав што е можно подолго да бидам дел од релито.

За време на вториот обид имав сопствен тим кој ми беше поддршка. Бев одбран да се натпреварувам со најдобрите возачи. Искрено, повеќе би сакал да бидам последен во најдобрата категорија отколку прв кај аматерите.Барем јас така гледам на работите.Настапот почна добро но во втората етапа се појавија проблеми. И покрај обидите да го спасиме мотоциклот, сепак не успеавме.

Stephane Bouvier txt 3 19 11

Кажи ни нешто повеќе за Помпи и за твојот проект?

- Помпи е мало мече и тој е дел од проектот кој го создадов. Преку него, луѓето комуницираат со децата кои имаат проблеми. Дете кое има проблеми можеби нема да знае да ви каже што точно и каде го боли. Но ќе може да покаже што го боли кај мечето. Тоа е многу ефикасна алатка, како за брзата помош така и за нас пожарникарите.Мојата цел е да има по едно вакво мече во сите болници по Азурниот брег а можеби и низ цела Франција.

Stephane Bouvier txt 4 19 11

Back To Top