Најголемиот саем за мотори годинава го слави 100-от роденден. Популарниот саем за мотори ќе се одржи од 6-9 ноември во Милано, а по повод 100 годишнината го менува и името во „Esposizione Mondiale del Motociclismo“.

visual2014-EN1

Најголемиот саем за мотори годинава го слави 100-от роденден. Популарниот саем за мотори ќе се одржи од 6-9 ноември во Милано, а по повод 100 годишнината го менува и името во „Esposizione Mondiale del Motociclismo“.

Саемот како и секоја година изобилува со презентери на мотори и опрема од целиот свет, па така и годинава не очекуваат најпознатите мото брендови кои ќе ги прикажат новите модели на своите производи. Иако минатиот месец присуствувавме на саемот во Келн на кој беа презентирани многу новитети, се очекува Милано да не биде ништо помалку во однос на ова.

Според последните информации, BMW ќе презентира два нови модела во Милано, иако не се откриваат детали, очекуваме тоа да биде новиот спорт-туринг модел со авантуристички изглед - S1000XR. Новиот XR е мотор од класата на Ducati Multistrada, Suzuki V-Storm 1000 и Kawasaki Versys. Вториот модел кој го очекуваме од BMW е одговор за Honda GoldWing, базиран на платформата до K1600 кој ќе има редизајн со повеќе аеродинамични пластики.

Kawasaki го претстави ѕверот H2R во Келн, но уличната верзија ја остави за во Милано. Моторот кој развива 300кс ќе биде достапен за купување од март 2015 со цена од околу 30.000 евра, но нема да има хомологација за возење на улица. Во Милано не очекува легалната верзија која ќе развива околу 200кс и која исто така ќе биде достапна за продажба од март 2015.

Ducati на домашен терен ќе ги претстави новиот 1299 superbike, како и новиот Ducati Multistrada со целосно нов агрегат.

Од Honda не очекува нов ѕвер, конечно во јавноста ќе биде презентиран долго очекуваниот Honda RC213V-S, улична верзија базирана на МотоГП технологијата. Новиот модел нема да биде замена за CBR1000RR, туку се очекува да биде премиум брзински мотор на кој Хонда ќе ја започне платформата со која ќе се натпреварува во Супербајк шампионатот во 2015.

Yamaha ќе има многу работа на својот штанд. Сите со нетрпение го очекуваат новиот R1, кој исто како и Kawasaki H2R ќе има тркачка и улична верзија. Кај тркачката верзија се шпекулира со коњажа од 230, додека пак уличната ќе биде во доменот на 200кс. Она што е извесно е новата инструмент табла во повеќе бои и информации за електрониката. Јамаха на саемот ќе го претстави и новиот FJ-09, а ќе имаме прилика да го видиме и новиот R3 за Европскиот пазар.

Од Piaggio групацијата не очекуваат многу новитети, иако во Келн беа презентирани два нови модела, уште тогаш беше најавено дека во Mилано ќе биде бумот за нив. Со бројка од 7-8 нови модели, штандовите на Aprilia, Vespa, Derbi, Gilera, Moto Guzzi, Piaggio и Scarabeo ќе бидат едни од нај посетуваните.

Освен најавените модели не очекуваат и многу други изненадувања, па доколку сте во можност да отидете во Милано од 6-9 ноември, не се колебајте. Доколку обврските не ви го дозволуваат тоа, следете не нас, како и до сега екипата на Мотори.ком.мк ќе присуствува на саемот „EICMA“ од каде ќе ве известуваме за сите новитети од мото светот.

Back To Top