Пред само еден месец бевме сведоци на пожарот во кој изгоре поголем дел од опремата на тимовите кои се дел од MotoE серијата.

Пред само еден месец бевме сведоци на пожарот во кој изгоре поголем дел од опремата на тимовите кои се дел од MotoE серијата. Ова беше големо разочарување и ги примора организаторите да направат целосна промена на календарот.

Но сега ни доааат информации дека за само три месеци, единствениот снабдувач со мотоцикли, Energica, ќе обезбеди 18 нови машини. Ова значи дека серијата, наместо во Шпанија како што беше првично планирано, својата прва трка ќе ја има во Германија.

Energica Ego Corsa up close Jensen Beeler 02

А денеска ја добивме и првата информација во однос на тоа кога ќе започнат тестовте. FIM објави дека тоа ќе се случи во јуни на патеката во Валенсија. Истата патека ќе биде домаќин и на последната трка од MotoE и од MotoGP сериите.

Во зависност од временските услови, за време на последниот ден од тестовите, 19-ти јуни, ќе се одржи “E-pole” симулацијата на која возачите ќе го тестираат квалификацискиот формат кој ќе се содржи само од едно најбрзо време.

Денот ќе заврши со целосна тркачка симулација на која возачите ќе можат да се претекнуваат но и да работат на стратегијата. Од спонзорот, победникот ќе добие Energica Eva мотоцикл.

Навистина ќе биде интересно да видиме како ќе се развива оваа серија.

Back To Top