Со објава на официјалниот сајт на организаторите на овој настан и деновиве и официјално беше потврдено спонзострвото на Triumph за следните 5 години. 

DGR triumph 1

Мал број на иницијативи можат да се пофалат со глобална препознатливост и собрани пари како што тоа може да го напрви Distinguished Gentleman’s Ride. Целта на оваа иницијатива е да се соберат пари и да се зголеми свеста за здравјето на мажите односно да се инвестира повеќе во истражувањата за пронаоѓање на лек за за рак на простатата и спречување на самоубиствата.

Во 2014 година Triumph британскиот производител на мотори за прв пат влезе како спонзор на овој настан а оваа година го обновија својот договор за уште 5 години. Поддршката подразбира финансиски и маркетиншки придонес но и доделување на мотори за најголемите донатори. Официјалните лица на Triumph едноставно велат дека не постои подобар начин да ги споделат и тие и нивните вработени и нивните дилери своите напори и желби за помагање. Овој настан ендоставно комплетно се поклопува со нивните верувања и затоа гордо и понатаму ќе вложуваат во неговиот раст и развој. 

DGR3 1340x893

Првото возење беше реализирано во 2012 година а во него учествуваа повеќе од 2500 возачи низ 64 градови. Сега, според официјалниот вебсајт на организаторот, возењето се организира низ 900 градови во 116 земји со скоро 400.000 регистрирани возачи. Организаторите велат дека од самиот почеток до сега се собрани повеќе од 31 милион долари. 

Во Македонија прв пат се возеше во 2016 година. Во 2021 година настанот го смени својот датум и наместо во септември како дотогаш сега се вози во мај. Датумот за следната година е 22 мај. 

Back To Top