Од чилеанскиот Каретера аустрал до украинските карпати, од канадските прерии до европските најпопуларни места за возење, глобалната мото заедница за прв пат се обедини и возеше, и виртуелно и физички, на првиот THE WORLD ADVENTURE WEEK организиран од страна на KTM и апликацијата Riser.

Низ бројки 7-те дена авантура изгледаа вака: 1.5 милиони извозени километри25,000 вкупно извозени часови, 4,770 m андморкса висина, највисока точка на возење, 735 групни возења и возачи од 74 земји. 

THE WORLD ADVENTURE WEEK

Во оваа кампања вкупно се вклучиле 1,005 возачи на различни мотори кои комплетирале над 1000 километри во период од 7 дена, што и беше основниот критериум за успешно учество. За оние кои ја комплетирале основата задача и учествувале во дневните предизвици организаторите обезбедија и наградно извлекување во кое главната награда беше новиот KTM ADVENTURE 1290. Добитникот е возач од Норвешка. 

Дневните предизвици вклучуваа посета на KTM дилер, искачување на одредена висинска точка, возење во група, изминати одреден број километри во еден ден и сл. Ранг листата континуирано беше достапна на theworldadventureweek.com.

По успешната организација на првиот ваков настан, организаторите најавуваат дека ќе го има повторно и повторно, а буквално сите возачи од секој дел на светот со нетрпение веќе го очекуваат следниот предизвик. 

Back To Top