„Се обидуваме да потврдиме кога Луис ќе настапи со мојот М1 а јас со неговиот Mercedes“- Валентино Роси има желба да настапи со F1 болид.

Валентино Роси потврди дека има големи шанси да ги заменат машините со Луис Хамилтон. Според планот, Италијанецот треба да настапи со Формула 1 болидот на Mercedes додека пак Англичанецот на истата патека ќе се појави со мотоциклот на Yamaha.

Во минатото Роси неколку пати беше дел од настаните поврзани со Ferrari а во 2006 година беше многу блиску и да настапи за нив.

Неодамна Хамилтон беше дел од еден настан на кој учествуваше и WorldSBK тимот на Yamaha. Тогаш изјави: „Отсекогаш сум бил повеќе заинтересиран за трки на две тркала“, изјави Хамислтон кој беше гостин на Petronas за време на Гран При трката на Катар.

„Се обдуваме да ги замениме местата со Хамилтон и мислам дека тоа ќе биде нешто фантастично“, изјави Роси по завршувањето на трката во Јапонија.

„Се обидуваме да потврдиме кога Луис ќе настапи со мојот М1 а јас со неговиот Mercedes.  Се надевам дека ќе се случи тоа бидејќи секогаш е интересно кога си дел од F1.“

 DSC5241

Поради ризиците од повреда, вакво нешто би било возможно само после завршувањето на актуелните сезони и во двете серии. MotoGP завршува со трката во Валенсија на 17-ти ноември додека пак последната трка во F1 шампионатот се вози во Абу Даби на 29-ти ноември.

Многумина веруваат дека замената ќе се случи токму во Абу Даби.  Формула 1 тимот на Mercedes ќе биде таму како дел од тест сесијата додека пак Роси на 14 декември на истата патека ќе биде дел од трка со спортски автомобили.

И двајцата возачи имаат договор со Monster. Petronas пак е еден од главните спонзори на Формула 1 тимот на Mercedes а исто така и на новиот сателитски тим на Yamaha кој ќе биде дел од MotoGP.

40 годишниот Роси има седум титули во премиерната класа а последната ја освои во 2009 година. Хамилтон, кој има 34 години, е на пат да ја освои шестата титула во Формула 1 шампионатот.

Back To Top