Се сеќавате ли на неверојатниот Roadster прототип на Vanguard? Компанијата е подготвена да започне со производство, а вие можете да бидете еден од тест возачите кои ќе учествуваат во развојната фаза.

Се сеќавате ли на неверојатниот Roadster прототип на Vanguard? Компанијата е подготвена да започне со производство, а вие можете да бидете еден од тест возачите кои ќе учествуваат во развојната фаза.

vanguard roadster combines form and function at ny show 5

Vanguard Roadster беше претставен минатиот декември на мотошоуто во Њу Јорк и веднаш го привлече вниманието на публиката поради својата уникатна конструкција, напредните материјали како и 3D принтот.

Привата рунда на тестови е веќе почната и има за цел да креира модел кој ќе може да се користи во секојдневниот живот. Во процесот се вклучени голем број на специјалисти и инжињери. Но од компанијата исто така бараат и возачи кои ќе го тестираат мотоциклот.

vanguard roadster combines form and function at ny show 1

„Од секогаш имав желба да видам што се случува внатре во мото компаниите и затоа сакавме да им ја дадеме оваа можност на тројца среќни возачи,“ изјави Франсоа Хавиер Терни, извршен директор на Vanguard.

Користејќи онлајн натпревар, Vanguard им нуди на возачите-аматери можност да станат официјален тест возач на еден ден. За да учествувате во натпреварот треба да ја посетите нивната интернет страна и да одговорите на неколку прашања. Доколку поканите и некој ваш пријател да аплицира, тогаш ќе добиете уште дополнителни три можности за аплицирање.

Vanguard Roadster користи 1917cc V-twin мотор. Покрај тоа тој има и Ohlins суспензија како и Brembo сопирачки. 

vanguard roadster combines form and function at ny show 2

Back To Top