Вести од светот

Видео играта „TT Isle of Man“ ќе биде објавена во 2017

Во случај да си помисливте дека игрите MotoGP и MX World се фаворизирани од страна на дизајнерите на видео игри, еве една интересна вест, Isle of Man TT ќе добие своја видео игра: „TT Isle of Man: Ride on the Edge“.

Следете нè на:

 

Играта нема да биде направена од компанијата која традиционално ни ги носи овие игри, Италијанската „Milestone“, туку неа ќе ја направи Француската фирма „Bigben Interactive“. Таа ќе биде објавена во 2017 година. „Bigben Interactive“ веќе започнаа соработка со „Kylotonn Games“ кои пак се одговорни за WRC 5.

tt isle of man ride on the edge video game slated for 2017 108271 1

Со оглед на популарноста на овие игри, „Kylotonn“ ќе мора навистина да се потруди. Ducati им ја довери одговорноста на „Milestone“ да направат видео игра по повод 90 години од постоењето на Ducati. Во играта ќе бидат достапни 39 модели меѓу кои ќе има и мотоцикли од педесетите години на минатиот век како и понови модели.

Иако „Milestone“ се поврзани со графичките детали на мотоциклите, „TT Isle of Man: Ride on the Edge“ ќе има и друга добра страна.

Планинската рута е една од најинтересните мото трки во светот, а Isle of Man TT во себе има една посебна вибрација која не може да се најде никаде на друго место. Ако дизајнерите на играта успеат да го доловат тој момент, тогаш постои голема можност играта да стане многу популарна.

Додека не се појават дополнителни видеа, се надеваме дека дизајнерите ќе го подобрат звукот, бидејќи тој делува помалку вештачки. 

 

Би можело да ве интересира

Алекс Ринс, Јоан Мир и Силвиан Гинтоли го искористија последиот MotoGP тест за да го намалат бројот на нови елементи кои ќе бидат дел од GSX-RR со кој ќе настапуваат следната сезона.

„На Дани Педроса ќе му треба дополнителен простор за багаж на патот назад од Јапонија“

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.