Возачите низ цела Европа во иднина ќе бидат подобро информирани во однос на нивото на заштита на опремата што планираат да ја купат.

Европската Унија донесе сет на заклучоци со кои се модифицираат постојаните регулативи, со цел сета опрема која се продава во рамките на Унијата да биде усогласена со одредени барања.

Досега, само кацигата, чизмите и додатоците за заштита мораа да имаат официјален сертификат, но ова наскоро ќе се промени. Целата опрема ќе мора да добие сертификат, во моментот кога Европската Унија ќе ги појасни новите стандарди и минималните услови што мора да ги исполнува секое парче на облека.

moto oprema sertifikati

Овие стандарди се однесуваат на отпорноста при удар и триење, бидејќи овие две работи се главни при несреќа. Ова значи дека без разлика каков додаток за заштита што се вметнува во облеката сакате да купите, самата облека мора претходно да помине на инспекција.

Во случај да се плашите дека Европската Унија ќе нареди да се употребува само онаа облека која што има сертификат, тогаш одговорот е не.   Промените на регулативата се однесува само на производите.

Возачите сами ќе одберат што сакаат да носат, а во однос на опремата, ќе можат сами да го одберат она што најмногу им се допаѓа. Со дополнителните податоци кои ќе мора да стојат на етикетата, потрошувачите ќе може да си одберат производ според нивните специфични потреби.

Се уште не се знае кога ќе бидат имплементирани новите стандарди. Целиот процес може да трае две до три години. Дали сертификатот ќе ги зголеми цените на производите е една од работите што сакаме да ги знаеме.

Back To Top