Производителот на пневматици Pirelli заедно со своите дистрибутери објавија нови награди за возачите кои ќе постават рекорди на патеките.

Производителот на пневматици Pirelli заедно со своите дистрибутери објавија нови награди за возачите кои ќе постават рекорди на патеките.

Оние возачи кои веќе користат тркачки пневматици на Pirelli и на некој официјален настан успеат да урнат рекорд во текот на 2017 година, ќе добијат нов сет на гуми заедно со официјално признание за постигнатиот успех.

break track records in 2017 win pirelli performance tires 117437 1

„Сакаме да продолжиме да им оддаваме признание на возачите кои ги покажуваат перформансите на тркачките пневматици на Pirelli,“ изјави Оскар Солис, менаџер во Pirelli. „Оваа година одлучивме тоа да биде малку поинтимно и од таа причина ќе ги замениме гумите со кои е поставен рекордот, а возачот ќе добие и плакета за постигнатиот успех.“

Минатата сезона со пневматиците на Pirelli беа постигнати осум рекорди од кој последниот се случи на патеката во Дејтона (САД) за време на Championship Cup серијата.

Наградата е валидна за сите возачи кои имаат право да учествуваат на официјални настани вклучувајќи ги AFM, ASRA, ASMA, CCS, CMRA, CVMA, CRA, Moto West GP, MOM, MRA, MCRA, OMRRA, SMRI, USBA, WMRRA и WERA.

За да се квалификувате за наградата морате да имате тркачки пневматик на Pirelli и на двете тркала. Ако неколку возачи од еден тим во текот на настапот успеат да го урнат рекордот, наградата ќе ја добие возачот на кој последен му успеало тоа.

Отворените тренинг денови не се дел од кампањата, а наградата е лимитирана само за првите десет возачи кои ќе се квалификуваат оваа година.

Back To Top