Thundercat се искачи на врвот на листата на најкрадени мотори во Велика Британија според осигурителната компанија Swinton Bikes.

Yamaha YZF600R 96  3

Thundercat се искачи на врвот на листата на најкрадени мотори во Велика Британија според осигурителната компанија Swinton Bikes.

Листата е составена од податоци од над 200.000 осигурителни побарувања, а меѓу првите десет на листата има многу спортски мотори. И додека Yamaha ги има најнепосакуваните први две места на листата со Thundercat и YZF-R125, тие исто така се и на последното место со моторот кој што најмалку се краде, Yamaha DT125R.  Според податоците од Swinton, од 822 мотори од овој модел кои што се осигурани кај нив ниту еден не е пријавен дека е украден.

Еве ја листата на најкрадени мотори во ВеликаБританија според Swinton Bikes:

  1. Yamaha YSF 600 R Thunder
  2. Yamaha YZF-R125
  3. Triumph Daytona 675
  4. Kawasaki ZX-6R
  5. Honda CBF 125
  6. Yamaha YZF-R1
  7. Suzuki SV 650 S
  8. Suzuki GSX-R 600
  9. Honda CBR 600 F (M-W)
  10. Suzuki GSF 600 Bandit
Back To Top