Германскиот производител BMW Motorrad на почетокот на 2013 година се пофали со уште подобри бројки во однос на минатата година.
Француските полицајци-мотоциклисти минуваат низ пекол поради кацигите
Полициските службеници на мотори од Францускиот регион Morbihan се побунија поради лошата опрема, искористувајќи го притоа нивното право на штрајк наведувајќи ја лошата состојба на нивните кациги како главна причина.
Индонезија сака да им забрани на жените да седат на мотор со раширени нозе
Исламистичките власти од градот Ихоксеумава во Индонезиската провинција Ацех најави дека на жените ќе им биде забрането да седат расчекорени врз мотор зад мажите, пренесува BBC.
Италијанците воведуваат задолжителен „ABS“ за скутери и мотори до 125цц
Италијанскиот сенат вчера го одобри новиот закон кој главно е насочен кон подобрување на економијата на земјата од 2013, но во него стои и дел кој е интересен за нас. Имено, според новиот закон кој стапува на сила на 18-ти декември, сите скутери, мотоцикли и трицикли со зафатнина до 125цц треба да имаат барем опционален „ABS“ систем.
Македонец прогласен за дилер на годината за BMW!
BMW обвјави дека за оваа година честа да ја добијат наградата за најдобар дилер ја имаат „Procycles St Peters“ и „Valley Prestige Motorcycles“ од сојузната држава Викторија, Австралија.
„Montecatena“, уникатна мото опрема во средновековен стил
На саемот „EICMA“ во Милано забележлив беше штандот на италијанската компанија „Montecatena“. Производителот од Торино изработува мото јакни, панталони, комбинизони и ракавици во средновековен стил.
Престрелка помеѓу „Comancheros“ и „Hells Angels“ на српска свадба во Сиднеј
Роки и Саша Штрбац, младенци кои имаат српско потекло, во просториите на Српската народна одбрана во Австралија организираа сведба, но местото беше простор за пресметка меѓу моторџиски банди. Во пресметката убиен е Фало Пису (23), член на моторџиската банда „Comancheros“, а двајца се ранети.
Хонда го потврди производството на нов V4 спортски модел
Претседателот на Хонда, г-н Таканобу Ито, официјално ја потврди работата на нов модел од Хонда кој се очекува да биде спортски мотор со V4 агрегат. Новиот модел треба да ја продолжи историјата на RC30, моделот кој беше претставен во 1987-та година и кој претставува вистинска тркачка машина легална за возење по улица.
Македонски моторџија од Австралија осуден на 17 години затвор за шверц на дрога
Стив Миленковски, предводникот на моторџиската група „Команчероси“ кој живее во австралискиот град Перт е осуден на 17 години затвор за шверц на дрога во вредност од околу 3,8 милиони австралиски долари.
Моторџија во Минхен казнет со 5.000 евра за покажување среден прст
Извесен Димитри Саловиќ се обидел да си поигра со германската полиција намерно пречекорувајќи ја дозволената брзина за да ги активира безбедносните камери и да им покаже среден прст.
Ауди: Дукати останува Дукати
“Дами и Господа, оваа порака содржи само три зборови и ја имате мојата гаранција: Дукати останува Дукати.” – Rupert Stadler, Извршен Директор на Ауди.
TVS од Индија во преговори со BMW
Четврта по големина Индиска фабрика за мотоцикли TVS е во преговори со водечката компанија за производство на мотоцикли од Германија, BMW.