Тимот од Милвоки ги донесе шампионот од BSB и MotoGP победник на трка во WorldSBK серијата.

karel abraham wsbk

Тимот од Милвоки ги донесе шампионот од BSB и MotoGP победник на трка во WorldSBK серијата.

Тимот од Милвоки ќе ја засили својата позиција во WorldSBK серијата во 2016 година. Тие ќе возат со BMW  машини а Џош Брукс и Карел Абрахам ќе бидат главниот тандем.

„BMW Motorrad Motorsport ќе обезбедат техничка поддршка и нивните експерти ќе работат заедно со тимот во текот на целата сезона“, пишува во официјалното соопштение на тимот. „Тимот ќе биде одговорен за развојот на мотоциклот во текот на сезоната и ќе менаџира со спортскиот и логистичкиот аспект на учесниците во серијата.“

Тркајќи се под знамето на Milwaukee BMW, Брукс ќе се врати на WorldSBK трките како шампион за 2015 година од British Superbike трките. Пред ова, помеѓу 2004 и 2008 година, тој учествуваше и на FIM Supersport светскиот шампионат каде оствари две победи, а седум пати се најде на пиедесталот. Австралиецот  исто така се натпреваруваше и во World Superbike класата помеѓу 2006 и 2012 година. Тука извозе 35 трки.

Josh Brookes wsbk

„Навистина сум возбуден што се враќам во WorldSBK серијата и тоа со истиот тим со кој ја освоив BSB титулата. Не сум се натпреварувал со BMW до сега, но тимот и мотоциклот се веќе докажани и убеден сум дека ќе бидат компетитивни. Тоа што ја имаме поддршката од BMW Motorrad Motorsport е одлучувачко и нивните експерти ќе ни бидат од голема помош. Ќе тестираме во Јануари а потоа ќе заминеме на Филип Ајленд.  Со нетрпение чекам да возам пред моите домашни фанови,“ изјави Брукс.

Абрахам се натпреварува во MotoGP шампионатот од 2011 година. Пред ова, тој се натпреваруваше во Moto2 светскиот шампионат и оствари победа на трката во Валенсија. Сега тој му се приклучува на Milwaukee BMW, тим кој е поддржан од познатата продавница за мото опрема, Shaun Muir и Milwaukee Power Tools. И двете го продолжија договорот за спонзорство на уште три години.

„Преселбата во WorldSBK со тим како Milwaukee BMW е навистина возбудливо. Исто така ќе биде предизвик бидејќи никогаш не сум возел Superbike до сега и многу од патеките ќе ми бидат нови. Но сигурен сим дека брзо ќе се навикнам“, изјави Чешкиот возач.

Овој потег носи нов предизвик за целиот тим, изјави лидерот на тимот Шон Муир.

„Како тим, поддршката и ентузијазмот што го покажаа од BMW Motorrad Motorsport навистина ни ја подигна самодовербата. Тие точно знаат што ни треба за да бидеме компетитивни. Тоа многу ни ја олесни одлуката за да им се придружиме.  Јас сум навистина импресиониран од техничката поддршка што ќе ја имаме и мислам дека ќе имаме одлична дебитантска сезона во WorldSBK“ изјави Муир.

Тимот од Милвоки е втората екипа која го најави своето учество во шампионатот во 2016 година со BMW S1000RR мотоцикли. Минатиот месец и тимот Althea Racing потврди дека ќе се натпреварува со Германските машини. Нивни возачи ќе бидат Жорди Торес и Маркус Рајтенбергер.

Back To Top