Алваро Баутиста го претекна Џонатан Реа и се најде на првото место по завршувањето на слободниот тренинг во Тајланд. Двајцата возачи постојано го подобруваа своето време.

Алваро Баутиста го претекна Џонатан Реа и се најде на првото место по завршувањето на слободниот трениинг во Тајланд. Двајцата возачи постојано го подобруваа своето време.

Возачот на Aruba.it Racing Ducati постигна резултат од 1 минута 33.089 секунди кое му беше доволно да се најде на првата позиција. Актуелниот шампион, кој заостануваше само две десетинки мораше да се задоволи со втората позиција. Двајцата возачи дури четири пати се менуваа на првото место. На почетокот Реа беше во водство но потоа Баутиста стапи на сцена и имаше импресивно возење кое го донесе до првото место.

Bautista Thailand Training txt 15 03

Михаел ван дер Марк беше единствениот кој успеа да им се приближи на двајцата возачи. На крајот тој се најде на третото место со заостанување од шест десетинки во однос на времето кое го постигна Реа.

Марко Меландри со својата GRT Yamaha се најде на четвртата позиција. Веднаш зад него беше Том Сајкс кој настапи со фабричкиот BMW а Алекс Ловс и Pata Yamaha го освоија шестото место.

Сандро Кортезе се осигура сите четири мотоцикли на Yamaha да се најдат меѓу најдобрите седум машини на патеката. На крајот тој успеа да биде подобар од Чез Дејвис и Јуџин Лаверти. Леон Хаслам, кој се уште ја учи патеката, со фабричкиот мотоцикл на Kawasaki ги заокружи првите десет позиции.

Back To Top