Шпанецот имаше за речиси половина секунда побрзо време од резултатот кој го постигна во понеделникот.

Алваро Баутиста повторно се најде на врвот на табелата по завршувањето на вториот ден од тестот кој се оддржа на Филип Ајленд откако постигна резултат од 1’30.303. Овој резултат е за 0.440 секунди подобар од резултатот кој го постигна во понеделникот и речиси за половина секунда побрзо од резултатот кој го постигна четири кратниот шампион Џонатан Реа.

Временските услови денеска беа малку подобри отколку вчера. Но и покрај ова, резултатот кој го постигна Шпанецот во понеделникот беше оспорен само од тројца возачи. Баутиста стана еден од главните фаворити за победа, а ќе биде интересно да видиме кој ќе успее да му се спротистави.

Шест возачи успеаа да постигнат резултат од 1’31. Разликата меѓу второпласираниот Том Сајкс (BMW Motorrad WorldSBK) и возачот кој се најде на петата позиција, Марко Меландри (GRT Yamaha) изнесуваше само две десетинки.

Помеѓу нив, на четвртата позиција заврши Џонатан Реа кој на претходните тест сесии речиси секогаш завршуваше на првата позиција. Сепак, вреди да се напомене дека се уште трае серијата од 11 победи на Реа и кога тој е во форма, ретко кој возач може да му се спротистави. Но во моментов, има забележлива разлика меѓу двајцата возачи. Само за време на првата тест сесија, Баутиста во дури седум кругови имаше подобро време од Реа.

Тестовите се многу повеќе отколку само бркање на најдобро време. Тимскиот колега на Реа, Леон Хаслам, имаше добар настап со ZX-10RR и извозе најмногу кругови (47) од сите возачи кои се најдоа на патеката. Основниот сетап на Англичанецот е многу сличен со оној на актуелниот шампион, а екипата на Хаслам сега се фокусира на неговиот стил на возење. Во моментов, работите се одвиваат добро.

Чез Дејвис (Aruba.it Racing – Ducati) успеа да го подобри својот резултат за речиси една секунда. Тој се уште се обидува да се прилагоди на Panigale V4 R и на крајот беше за 1.5 секунди побавен од неговиот тимски колега.

Двојниот победник од сезоната 2018, Австралиецот Марко Меландри, го заврши тестот со петти најдобар резултат. Сега откако е пронајден идеалниот сетап, тимот ќе работи на дополнително подобрувања на YZF R1.

Алекс Ловс (Pata Yamaha) имаше слаб настап откако два пати излета надвор од патеката. Разликата меѓу Британецот, кој заврши на деветата позиција и Михаел ван дер Марк (Pata Yamaha), кој беше седми не беше многу голема. Тимот сега ќе се обиде да го најде идеалниот баланс со цел да имаат добар настап на Австралиската трка.

WSBK Test 2 txt 2 19 02

Неколкуте црвени знамиња кои се појавија го попречија тестот но сепак тимот на BMW Motorrad составен од Сајкс и Маркус Рајтенбергер имаше добар ден. Двајцата возачи тестираа различни шасии и на крајот ги потврдија очекувањата.

После слабиот прв ден за Moriwaki Althea Honda, вториот ден доведе до значителни подобрувања. Во моментов, тимот е во трка со времето за да подготви што е можно подобар мотоцикл за трката која ќе се оддржи во Филип Ајленд. Леон Камиер заврши на тринаесетата позиција со резултат од 1’31.443 а Риучи Кијонари беше петнаесетти.

Торпак Разгатлиоглу (Puccetti Racing) се најде на шестото место. Турскиот возач се уште работи на подобрувањата на неговиот ZX-10RR а ист е случајот и со Жорди Торес и Pedercini Racing. Тати Меркадо (Orelac Racing VerdNatura) се фокусираше на притисокот на пневматиците. Чекор напред направија и Јуџин Лавери и Михаел Рубен Риналди. Алесандро Делбианко (Althea Mie Racing) и Трој Херфос (Penrite Honda) се најдоа на последните места на табелата.

Официјални резултати од вториот ден тестови на Филип Ајленд

Алваро Баутиста (ARUBA.IT Racing – Ducati) 1'30.303

Том Сајкс (BMW Motorrad WorldSBK ) 1'30.539

Леон Хаслам (Kawasaki Racing Team) 1'30.668

Џонатан Реа (Kawasaki Racing Team) 1'30.722

Марко Меландри (GRT Yamaha) 1'30.760

Back To Top