WSBK

Баутиста незапирлив и во Асен

Алваро Баутиста го продолжува маршот кон освојување на титулата.

Следете нè на:

 

Алваро Баутиста го продолжува маршот кон освојување на титулата.

Алваро Баутиста го продолжува маршот кон освојување на титулата откако го подобри рекордот од последователни победи на стартот на сезоната.

Во првите четири трки со Aruba.it Ducati, Баутиста има 10 победи. На оваа трка тој мораше да работи малку понапорно од вообичаеното, но сепак беше за една класа подобар од останатите возачи.

Стартувајќи од пол позицијата на трката број два, Баутиста брзо прејде во водство. Сепак, Џонатан Реа, кој имаше извонреден старт и кој од осмата позиција стигна до второто место, опасно му се приближи. Знаејќи дека не смее да му дозволи да направи голема предност толку рано во трката, во свиокот број три тој успеа да го претекне Баутиста и да дојде до првата позиција. Шпанецот, за кого второто место беше нешто ново и неочекувано оваа сезона, шест круга го следеше Реа пред да го направи својот потег и да го претекне.

Бидејќи патеката пред него сега беше чиста, тој успеа да направи предност пред другите возачи. Дополнителна предност за Баутиста беше тоа што неговиот тимски колега, Чез Дејвис беше на втората позиција а Мајкл ван дер Марк беше трети откако и тој успеа да го претекне Реа.

Но иако Реа успеа повторно да дојде до второто место, Баутиста веќе имаше направено удобна предност кој ја одржа до крајот на трката. Со максимални 236 поени после 11 трки, Баутиста веќе има предност од огромни 53 поени во однос на актуелниот шампион Џонатан Реа. На следната трка, која се вози на домашната патека на Ducati во Имола, тој ќе се обида да ја зголеми разликата.

Bautista Assen txt 15 04 copy

И покрај добриот старт, во последните етапи од трката Реа се соочи со проблеми со пневматиците. На четири круга до крајот, ван дер Марк успеа да го претекне но малку подоцна Реа успеа повторно да дојде до второто место. Сепак, домашниот возач, подржан од публиката, ја задржа концентарцијата и успеа да го победи Реа за само 0.018 секунди.

Алекс Ловс и неговата PATA Yamaha успеаа да дојдат до четвртото место и да го постигнат нивниот најдобар резултат. На петата позиција беше Дејвис кој успеа барем малку да спаси од лошиот викенд. И покрај тоа што имаше лош старт на трката, Маркус Рајтенбергер успеа да се пробие до шестото место а веднаш зад него беше неговиот тимски колега од BMW, Том Сајкс.

Леон Хаслам беше осми и на крајот успеа да заврши пред возачите на Kawasaki, Торпак Разгатлиоглу и Жорди Торес кои ги заокружија првите десет позиции.

Лош викенд имаа возачите на GRT Yamaha. Сандро Кортезе беше единаесети додека пак Марко Меландри заврши на четиринаесетата позиција. Се чини дека и формата на Honda нема да се подобри наскоро откако Леон Хаслам по завршувањето на трката се најде на дванаесетото место додека пак Јуџин Лаверти беше тринаесети. Риучи Кијонари мораше предвреме да го заврши настапот.

Мајкл Рубен Риналди успеа да дојде до последното место кое носи поени и на крајот заврши пред поранешниот MotoGP возач, Хектор Барбера кој е замена за повредениот Леандро Меркадо. На последното место се најде Алесандро Делбианко од тимот на Althea Honda.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

„Ќе си заминам како човек кој е гладен да се врати“ - Јохан Зарко

Нашите пријатели од Холандија, Nieuwsmotor, само што ни ги испратија овие фотографии а на нив може да се видат два нови модели на Harley-Davidson, авантуристичкиот Pan America и спортскиот, Streetfighter.

Викендов се вози 12-та трка од МотоГП шампионатот на патеката Силверстоун во Англија.

„Возењето на еден круг на оваа патека е исто како да патувате од едно до друго место“ – Валентино Роси.

Хорхе Лоренцо ќе се врати на патеката овој викенд и ќе настапи на трката која се вози во Силверстоун.

Доколку мислевте дека Triumph работи напорно на подготовка на новите Scrambler и Speed Twin, тогаш имаме уште неколку нови информации за вас.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

  • 31 Август 2019 - 01 Септември 2019
  • Патека Плевен
  • Долна Митрополија, Бугарија

  • 07 Септември 2019 - 09 Септември 2019
  • Република Македонија

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.