Алваро Баутиста планира нова победа на домашната патека на Ducati во Имола.

Алваро Баутиста можеби е само неколку месеци дел од Светскиот Супербајк шампионат но веќе стигна до неверојатни 11 победи по ред. Можеби оваа импресивна бројка се должи на трите трки кои ги имаме во текот на викендот но сепак Баутиста има одличен настап и со голема леснотија ги победува своите противници.

Возачот, кој во текот на својата кариера во MotoGP, три пати се искачи на подиумот, со својот Aruba.it Ducati Panigale V4 R заминува за Италија каде ќе се обиде да ја продолжи серијата на победи.

Bautista Imola Txt 09 05

Патеката во Имола е единствената на која тој се нема натпреварувано досега. Иако тестираше на оваа патека, Баутиста сепак признава дека  домашната патека на Ducati ќе му биде најголем предизвик.

„Пред две недели имав можност да тестирам во Имола, патека на која досега се немам натпреварувано. Тоа беше многу корисно и ми помогна подобро да се запознаам на патеката. Тесна е и има делови каде што морате посилно да притиснете на сопирачката. Но целата патека има добра комбинација на брзи и бавни свиоци.“

„Севкупно гледано, ова е забавна патека. Секако дека ќе биде интересен викендот и се надевам дека ќе продолжиме да бидеме компетитивни.“

„За тимот но и за Ducati ова е домашна трка и мораме да бидеме во најдобра форма.“

Back To Top