WSBK

Џонатан Реа: Возев со срце

„Откако ја освои втората Светска Супербајк титула на првата трка во Катар, Џонатан Реа изјави дека возел со срце на трката но го користел и мозокот за да помогне на Том Сајкс“

Следете нè на:

 

Откако ја освои втората титула во Светскиот Супербајк шампионат на првата трка во Катар, Џонатан Реа изјави дека возел со срце на трката но го користел и мозокот за да помогне на Том Сајкс  да го освои второто место во шампионатот и да му донесе 1-2 победа на тимот на Kawasaki.

Во интересна втора трка, која имаше и мал прекин, Реа беше блиску да го претекне лидерот на трката Чез Дејвис, но во последниот круг одлучи да го намали темпото и да му дозволи на тимскиот колега Сајкс да го помине за да може да го освои второто место во шампионатот.

rea sampion

Реа, кој постигна најбрз круг на патеката во Лосаил, лесно можеше да го претекне Дејвис но одлучи да му се оддолжи на тимот и му помогна на Сајкс да дојде до второто  место. Со тоа, тимот на Kawasaki ја оствари својата прва 1-2 победа, а исто така стигна и до титулата во делот за производители.

„Возев со срце,“ изјави Реа. „Во трка која има десет круга, воопшто не е лесно кога старувате од деветото место. Ме претекнаа на првите два свиока и премногу долго се задржав зад Леон Хаслам и Том. Чез имаше предност, но успеав да го стигнам.“

„Кога видов дека не можам да победам, одлучив да му помогнам на тимот. Имавме навистина брза трка. Поставивме рекорд на патеката, имавме пол позиција и ја освоивме титулата овој викенд. Трката во Катар беше одлична за мене.“

И покрај тоа што му го препушти второто место на Сајскс, Реа убедливо стигна до титулата и на крајот заврши со предност од 51 поен во однос на најблискиот ривал. Тој стана првиот возач на кој му успеа да ја одбрани титулата по Карл Фогерти во 1999 година.

Би можело да ве интересира

Крузер линијата на Honda доби уште еден специјален модел за сезоната која престои. Станува збор за 2019 Honda Fury кој ќе се издвои од останатите модели по својот храбар дизајн и ретро изглед.

Без никакво сомневање, Италија би можела да се нарече центар на дизајнерските студија од целиот свет. Ајде одблизу да ја разгледаме Италијанската дизајнерска сцена на мотоцикли.

Гран При комисијата ги одложи до јуни задолжителните хомологациски правила за кацигите.

Во изминативе две години бевме малку изгубени, но сега знаеме по кој правец да се движиме и имаме поголем оптимизам – Валентино Роси.

Кал Кратчлоу вели дека воопшто не чувствува болка во зглобот кога е на мотоциклот но кога ќе се симне од него е друга приказна.

Новите надворешни додатоци на Yamaha и Ducati добија одобрување, вели техничкиот директор на MotoGP, Дени Олдриџ.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.