Џонатан Реа признава дека дури и тој, како и многумина други, не верувал дека може да дојде до титулата.

Џонатан Реа откри дека ја прифатил можноста дека нема да стигне до рекордната петта шампионска титула во 2019 година. После успешниот старт на сезоната кој го имаше Алваро Баутиста, Реа вели дека токму прифаќањето на таквата реалност, дополнително го мотивирала.

После четири доминантни сезони, пристигнувањето и настапот на Алваро Баутиста со Ducati Panigale V4R ги наруши плановите на Реа за петта титула по ред. Ова особено важи по одличниот старт и 11-те победи по ред на Шпанецот.

Овие победи на Баутиста беа убедливи а и покрај тоа што речиси на сите трки завршуваше на второто место, Реа не успеваше да го предизвика Шпанецот.

Ова изненади многумина а и самиот Реа беше прилично разочаран откако не успеа да победи на патеката во Асен, на која обично доминира.

„Навистина не верував дека можеме да успееме после неверојатниот старт на Алваро. Лудо е да се победи на 11 трки по ред“, вели Реа.

„Не само што сите не отпишаа туку и самиот веќе не верував дека можам да стигнам до титулата. Ми беше многу тешко после трката во Асен. Таа ми е една од омилените патеки но не можев да победам. Морав добро да размислам.“

Rea txt 25 12

Реа вели дека го прифатил моментот дека веќе не е најдобар и дека после тоа работите почнале да се менуваат.

„Веќе не бев најдобриот возач на патеката и штом го прифатив тоа, мотивацијата значително ми се подобри.Единствено се што сакав е да има добар настап.“

„Се чувствував како да сум боксер. Ги издржувам рундите но мојот ривал ги освојува сите поени. Но веќе на средина на сезоната почна да станува подобро. Победивме на неколку трки.“

„Секогаш постоеше таа можност Алваро да го зададе финалниот удар и да ми ги уништи сите шанси  но за среќа тоа не се случи.“

Џонатан Реа одлично го сумираше својот настап во 2019 година кога се соочи со еден нов и непознат непријател, Алваро Баутиста. Но иако имаше неколку можности да го зададе последниот удар, Шпанецот сепак не го направи тоа.

Реа беше издржлив и трпелив, стратегија која можеби немаше да биде толку успешна доколку Баутиста не направеше неколку грешки.

Баутиста можеби беше брз, но тактички не изигра како што треба. За разлика од него, Реа дури и кога се мачеше, сепак завршуваше на второто или третото место. Иако имаше големо заостанување, тој никогаш воопшто не излезе од борбата за титулата. А токму тоа го прави еден од најдобрите возачи.

Back To Top