Извршниот директор на Ducati, Клаудио Доменикали вели дека Алваро Баутиста одбил двегодишен договор вреден неколку милиони.

Извршниот директор на Ducati, Клаудио Доменикали, возврати на нападот на Алваро Баутиста и  вели дека тој одбил двегодишен договор вреден неколку милиони. После интервјуто за GPOne.com во кое Баутиста изјави дека главна мотивација за преминот во Honda не му биле парите, Доменикали на својот профил на твитер се обиде да ја каже својата страна од приказната.

Тој вели дека Ducati му понудил двегодишен договор вреден неколку милиони но дека поранешниот MotoGP возач ги одбил.Доменикали вели и дека Баутиста им кажал дека планира да премине во Honda уште пред тие да се решат да потпишат договор со Скот Рединг.

„Сезоната одлично ја почнавме. Но сега Баутиста вели дека одлучил да си замине од тимот кога ние потпишавме договор со Скот. Ние претходно му понудивме милионски договор во траење од две години. Тој го одби и бараше повеќе. “

Domenicali Bautista txt 27 09

Баутиста ќе почне да настапува за новиот тим на HRC во сезоната 2020.Екипата во следните неколку недели и официјално ќе биде преставена.

Зборувајќи веднаш откако објави дека ќе премине во Honda, поранешниот шампион во серијата 125cc изјави дека новиот проект на тимот била главната причина поради која се решил да го напушти Ducati.

„Воопшто не ми беше лесно бидејќи навистина уживав во периодот кој го поминав со Ducati. Одлично ја почнавме сезоната и победивме на многу трки“, вели Баутиста.

„Затоа  не беше лесно да ја прекинам соработката но проектот на HRC навистина ме мотивираше. Почнуваме од нула и се чувствувам дека сум важен дел од проектот.“

Баутиста овој викенд на патеката во Мањикур ќе се обиде да ја намали разликата од 91 поен која ја има Џонатан Реа. Шпанецот победи на првите единаесет трки од сезоната но во последниов период не е во најдобра форма и во изминативе четири трки успеа само еднаш да победи.

Back To Top