Возачот на Kawasaki, Џонатан Реа ја постигна втората победа во текот на викендот на трката која се возеше во Портимао.

На крајот тој успеа да заврши пред возачите на Pata Yamaha и Ducati, Михаел ван дер Марк и Марко Меландри.

Реа го презеде водството во деветиот круг откако успеа да го претекне дотогашниот лидер, Чез Дејвис. Иако стартуваше од деветата позиција, тој еден по еден ги претекнуваше возачите кои беа пред него.

rea wheelie

Ова ги остави двајцата возачи на Ducati, Дејвис и Меландри да се борат за второто место. Сепак, во вториот дел од трката нив успеа да ги претекне ван дер Марк.

Дејвис, кој сѐ уште се опоравува од повредата на рамото, на крајот заврши на четвртата позиција со заостанување од 4.594 секунди зад победничкото време.

Реа, кој заврши со предност од 1.189 секунди пред ван дер Марк, успеа да дојде до хет трик од победи, односно освојување на првото место на шест последователни трки. Со ова, тој ги зголеми шансите за освојување на четвртата титула во Светскиот Супербајк шампионат.

Неговиот тимски колега, Том Сајкс, трката ја заврши на петото место и покрај тоа што трката ја стартуваше од втората позиција. Веднаш зад него се најдоа возачите на Milwaukee Aprilia, Лоренцо Савадори и Јуџин Лаверти, кои завршија на шестата и седмата позиција.

Торпак Разгатлиоглу од Kawasaki Puccetti Racing исто така беше меѓу најдобрите десет возачи пред да излета надвор од патеката на седум круга до крајот на трката.

Исто како и на трката која се возеше во саботата, и во неделата Британските возачи Алекс Ловс и Леон Камиер имаа проблеми. Ловс на крајот заврши на единаесетото место додека пак Камиер беше четиринаесети. Меѓу останатите возачи кои не успеаа да ја завршат трката се Јакуб Шмрц и Роман Рамос.

Back To Top