Следната сезона во WSBK серијата ќе имаме поголема разновидност откако два сателитски тимови на BMW ќе се приклучат на шампионатот.

Следната сезона во WSBK серијата ќе имаме поголема разновидност откако два сателитски тимови на BMW ќе се приклучат на шампионатот. Тие се RC Squadra Corse кој доаѓа од Италија и Bonovo Action од Германија. Двете екипи ќе имаат само еден возач и ќе ја користат новата BMW M1000RR superbike платформа.

За RC Squadra Corse ќе вози Јуџин Лаверти кој го напушти фабричкиот тим за да направи место за Михаел ван дер Марк. Јонас Фолгер пак ќе вози за Bonovo Action.

„Соработката со сателитски тимови претставува уште еден важен чекор во нашето учество во шампионатот“,изјави Маркус Шрам, директор на BMW Motorrad.

„Одлично е што ќе имаме уште два BMW M1000RR на патеката, покрај оние кои се дел од фабричката екипа и со кој ќе настапат Том Сајкс и Михаел ван дер Марк.“

„Им посакувам топло добредојде на двата сателитски тимови во нашиот WorldSBK проект. Bonovo Action за кој ќе настапи Јонас Фолгер е првиот Германски тим кој е регистриран да настапи со возач кој доаѓа од Баварија и кој ќе вози мотоцикл кој доаѓа од Баварија. Тоа е специјална комбинација.“

2020 BMW S1000RR WorldSBK Eugene Laverty scaled

„Исто така сум среќен што Јуџин Лаверти и во иднина ќе остане дел од нашето семејство и што ќе може да го покаже сето свое знаење и искуство во нашиот сателитски тим, RC Squadra Corse, кој иако е нов, веќе е добро познат во гаражите. Се надевам дека и двете екипи ќе имаат одлична сезона.  “

Дали поголемиот број на BMW мотоцикли на патеката ќе значи и подобар резултат за тимот? Тоа останува да видиме.

Минатата сезона, BMW Motorrad имаше слаби резултати и затоа фокусот на тимот во новата сезона е да се искачи неколку позиции погоре на табелата.

Со оглед на големата разновидност кај возачите како и фабричката подршка во сите три екипи, BMW Motorrad се надева дека идната сезона ќе биде многу поуспешна и дека M1000RR ќе се бори за освојување на првото место.

Во моментов се уште не знаеме дали ќе успеат во нивната мисија но она што е сигурно е тоа дека ќе биде навистина интересно да се гледа BMW M1000RR на патеката.

Back To Top