Џејмс Тоселанд се враќа во WorldSBK серијата но овој пат во поинаква улога, како тимски менаџер. Дени Веб ќе вози за WRP Yamaha.

Двојниот WSBK шампион, Џејмс Тоселанд, потврди дека ќe се врати во серијата и во иднина ќе биде тимски менаџер на Yamaha WorldSSP. За тимот ќе настапува Дени Веб.

Британецот е еден од најуспешните Супербајк возачи во историјата. Во 2004 година ја освои титулата со Ducati додека пак во 2007 година стана шампион со Honda. Тој е само еден од двајцата возачи кои имаат освоено титула со два различни тимови. Другиот возач е Трој Корсер.

Сепак, откако премина во MotoGP во 2008 година тој доживеа неколку повреди и веќе во 2011–тата мораше да ја заврши кариерата. После тоа Тоселанд се фокусираше на музиката.

James Toseland txt 21 11

По осум години пауза, потврди дека следната сезона повторно ќе биде дел од WorldSBK серијата, овој пат како тимски менаџер на новиот тим WRP Yamaha.

Договорот исто така значи и враќање на Веб, кој после неколку сезони во 125/Moto3 класата, се фокусираше на трките со автомобили.

Иако е редовен гледач но и коментатор на трките, Тоселанд не беше премногу експониран во јавноста откако одлучи да се повлече и ништо не навестуваше дека планира да се врати во серијата.

39 годишниот Тоселанд е последниот од низата возачи кои по завршувањето на кариерата станаа тимски менаџери. Од друга страна, Веб носи младост и искуство. Тимот WRP ќе користи Yamaha R6.

Back To Top