WSBK

Испратено првото предупредување: Баутиста доминираше на првиот ден во Австралија

Четири различни возачи ги освоија првите четири позиции на Филип Ајленд.

Следете нè на:

 

После три недели пауза, возачите кои се дел од MOTUL FIM Светскиот Супербајк шампионат се вратија на патеката за време на последниот пред-сезонски тест. Ладното и ветровито време не го спречија возачот на Aruba.it Racing – Ducati, Алваро Баутиста да постигне најдобро време. На крајот тој беше за повеќе од четири десетинки подобар од второ и трето пласираните, Алекс Ловс и Џонатан Реа.

Резултатот кој го постигна Шпанецот, 1’30.743, би можел да се толкува како еден вид на предупредување до другите возачи. Засега не знаеме какви беа целокупните перформанси, но вреди да се напомене дека ова е само седми настап за Баутиста на овој мотоцикл. Поголем дел од фокусот на целиот негов тим беше насочен кон прилагодување на помеките WorldSBK пневматици.

WSBK Txt 1 18 02

Сепак не сите возачи на тимот имаа успешен настап. Чез Дејвис беше на дното на листата за време на двете сесии. Возачот кој доаѓа од Велс се соочи со проблеми уште од самиот старт и не можеше да му парира на неговиот тимски колега.

Другите два Panigale V4 R кои се најдоа на патеката исто така продолжија со развојот. Јуџин Лаверти (Team Goeleven) се фокусираше на основниот сетап како и подобрување на чуството на задниот дел од мотоциклот. Михаел Рубин Риналди (BARNI Racing ), за кого ова беше деби настап на Филип Ајленд, го фокусираше своето внимание на новата Showa суспензија.

Џонатан Реа и Леон Хаслам(Kawasaki Racing Team WorldSBK) беа првите двајца возачи кои се најдоа на патеката. Покажаа слични резултати и денот го завршија на третата односно петата позиција. Англичанецот, кој веќе целосно се адаптираше на ZX-10RR, одбра во Австралија да ги тестира пневматиците. Четири кратниот шампион, и покрај падот беше најдобриот возач на Kawasaki.

Торпак Разгатлиоглу, кој го тестираше новиот мотор, постигна десетото најдобро време. Алекс Ловс повторно имаше добар настап и на крајот заврши со заостанување од 0.403 секунди зад Баутиста. Англичанецот заедно со Михаел ван дер Марк (Pata Yamaha) имаа за цел да ги потврдат добрите резултати кои ги постигнаа во јануари а YZF R1 веќе изгледа како целосен и компетитивен пакет.

WSBK Txt 2 18 02

Мотоцикли на Yamaha кои се најдоа на патеката исто така имаа успешен ден. Јапонскиот производител успеа да ги смести четирите мотоцикли меѓу најдобрите осум на патеката. Марко Меландри (GRT Yamaha WorldSBK) беше шести и се обиде да испроба неколку нови работи пред утрешниот финален настап. Сандро Кортезе (GRT Yamaha WorldSBK), кој го имаше првиот настап со супербајк мотоцикл на патеката на Филип Ајленд, на крајот се најде на осмото место.

Добар настап имаа и мотоциклите на BMW кои беа опремени со нова шасија и задна вилушка. Двајцата возачи продолжија да ја зголемуваат самодовербата со повеќе настапи на S1000 RR. Том Сајкс заврши на четвртата позиција додека пак Маркус Рајтенберг беше девети. Англичанецот на втората сесија всушност беше втор најбрз возач а ова е добар знак дека BMW се подготвени за борба за подиумот.

После неколку месеци шпекулации за прв пат успеавме да го видиме и настапот на Moriwaki Althea Honda. Првите знаци ветуваат а Леон Хаслам беше многу блиску до најдобрите десет возачи и покрај тоа што настапи со мотоцикл кој се уште е во фаза на развој.

Дали Баутиста ќе биде подобар од Реа и на тестот кој ќе се оддржи утре? Останете со нас за да ги дознаете најновите информации.

Би можело да ве интересира

На 28, 29 и 30 Јуни за првпат на овие простори ќе се одржи женски мото камп во близина на градот Салаш, Република Србија. На него е дозволено да учествуваат само девојки. Односно, оние кои возат мотори и оние кои не возат, а ја делат истата пасија со првите.

Валентино Роси вели дека имал многу проблеми на правите делови за време на одржувањето на Француската Гран При трка а неговиот мотоцикл бил многу послаб во споредба со мотоциклите на неговите ривали.

Џек Милер во Шпанија го испроба доминантниот Ducati Panigale V4 R.

Ducati тестираат замена за 959 Panigale и неговиот v-twin мотор.

„Секој викенд учиме нешто ново. Наскоро ќе бидеме подобри“  - Хорхе Лоренцо

Дали би купиле Кинески скутер од Австриска компанија кој го има знакот на Ducati?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 11 Мај 2019 - 11 Мај 2019
  • Фабрика Партизанка - Индустриска зона

  • 01 Јуни 2019 - 01 Јуни 2019
  • Голозинци
  • Велес

  • 02 Јуни 2019 - 02 Јуни 2019
  • Дом на млади
  • Штип

  • 07 Јуни 2019 - 08 Јуни 2019
  • Нов Парк
  • Свети Николе

  • 14 Јуни 2019 - 16 Јуни 2019
  • Кавадарци

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.