Тимот на Јамаха денеска објави дека се враќа во Светскиот Супербајк шампионат почнувајќи од 2016 година во соработка со „Crescent Racing“ и спонзорот „PATA“.

2015 YZF R1 FACTORY 001

Тимот на Јамаха денеска објави дека се враќа во Светскиот Супербајк шампионат почнувајќи од 2016 година во соработка со „Crescent Racing“ и спонзорот „PATA“.

Следната сезона Супербајк ќе биде натпреварување во кое повторно ќе имаме прилика да го следиме фабричкиот тим на Јамаха, овојпат со новиот YZF-R1, управуван од Светскиот супербајк шампион за 2014 Силвијан Гинтоли и Британскиот супербајк шампион за 2013 Алекс Ловс.

Тимот на Јамаха се повлече од Супербајк шампионатот во 2011, а враќањето следната сезона се должи на фантастичниот YZF-R1. Како што се вели и во изјавата на тимот, комбинацијата на неверојатните перформанси на новиот R1 и импресивната историја на тимот во шампионатот се гарант за успех.

Тимот го објасни и пропуштањето на тековната сезона, идејата била да се развие новиот мотоцикл до оној степен да не се соочат со грешки при трките, но откако R1 се покажа како победнички мотор на Сузука 8 часа и со позитивниот фидбек од тимовите низ Европа кои го возат новиот „кец“, фабриката одлучи дека е време повторно да се докажат во Светскиот Супербајк шампионат.

Back To Top