Откако одлучи да се повлече од последната Супербајк трка во Монца поради повреда, возачот на Alstare Ducati, Карлос Чека се чувствува подготвен да се врати на следната трка од шампионатот, која ќе се одржи овој викенд во Донингтон Парк.

1carlos-checa-monza-201306-620x350

Откако одлучи да се повлече од последната Супербајк трка во Монца поради повреда, возачот на Alstare Ducati, Карлос Чека се чувствува подготвен да се врати на следната трка од шампионатот, која ќе се одржи овој викенд во Донингтон Парк.

После одржаната физиотерапија, Шпанецот се чувствува многу посилен и е подготвен да се врати на својот Ducati 1199 Panigale.

Откако бев принуден да ја пропуштам трката во Монца со нетрпение ја очекувам трката во Донингтон.Работев напорно за  да се вратам во кондиција и продолжив со третманите кои ми беа препорачани. Се чувствувам многу посилен и сум оптимист во пресрет на следните трки.изјави поранешниот Светски шампион.

Поради неговата повреда, Чека исто така мораше да го пропушти и приватниот тест на Дукати кој се одржа во Муџело минатата недела- тестираа Аиртон Бадивани и Николо Канепа-кој беше организиран откако сопственикот на Alstare, Френсис Бата, јавно се пожали дека Италијанскиот производител не е доволно вклучен во развојот на моторот. 

Back To Top