WSBK

Кавасаки доминира на пред сезонскиот тест

Том Сајкс продолжува да вози во одлична форма.

Следете нè на:

 

Том Сајкс продолжува да вози во одлична форма.

Возачите на Кавасаки тимот во Супербајк шампионатот покажуваат одлична форма на првиот официјален Супербајк тест кој се вози на Филип Ајленд. Том Сајкс заврши на првото место, а Џонатан Реа заостануваше само 0.19 секунди зад него.

Импресивниот возење што го имаше во Шпанија, Том Сајкс го продолжи и на патеката во Австралија. Заедно со својот тимски колега, Џонатан Реа, остварија најдобро време на последниот претсезонски тест.

Сајкс постигна време од 1м 31.097с и беше само за 0.196с побрз од својот тимски колега. Исто така и неговиот мотоцикл ZX-10R, покажа дека е одлично подготвен.

sykes prvСајкс постигна време од 1м 31.097с и беше најбрз во Австралија

Попладнето се случија два прекини. Едниот беше поради судирот меѓу возачите на Team Toth и Grillini Kawasaki, Петер Себастиен и Доминик Шмитер, а потоа и Чез Дејвис падна на последниот свиок. Михаел Ван Дер Марк успеа да заврши на третото место и покрај тоа што извозе послабо време од претпладнето.

Изненадување приреди Жорди Торес , победникот на последната трка од сезоната 2015, кој заврши на четвртото место.  Тој покажа дека неговата Althea BMW машина може да се носи со останатите мотоцикли.

Ники Хејд заврши на петото место, а возачите на Crescent Yamaha го освоија шестото и седмото место. Разликата меѓу нив беше само 0.065с.

Чави Флорес се најде на осмото место, а Чез Дејвис, кој за среќа помина неповреден од падот, заврши на деветото место. На десетото место се најде Давиде Џулијано.

1. Tom Sykes GBR Kawasaki Racing ZX-10R 1m 31.097s
2. Jonathan Rea GBR Kawasaki Racing ZX-10R 1m 31.293s
3. Michael van der Mark NED Honda Racing CBR1000RR 1m 31.510s
4. Jordi Torres ESP Althea BMW S1000RR 1m 31.526s
5. Nicky Hayden USA Honda Racing CBR1000RR 1m 31.558s
6. Sylvain Guintoli FRA PATA Crescent Yamaha R1 1m 31.583s
7. Alex Lowes GBR PATA Crescent Yamaha R1 1m 31.620s
8. Xavi Fores ESP Barni Ducati 1199R 1m 31.661s
9. Chaz Davies GBR Aruba.it Racing Ducati 1199R 1m 31.678s
10. Davide Giugliano ITA Aruba.it Racing Ducati 1199R 1m 31.810s
11. Markus Reiterberger GER Althea BMW S1000RR 1m 31.928s
12. Roman Ramos ESP GO Eleven Kawasaki ZX-10R 1m 32.500s
13. Leon Camier GBR MV Agusta RC F4 RR 1m 32.707s
14. Josh Brookes AUS Milwaukee BMW S1000RR 1m 32.714s
15. Lorenzo Savadori ITA IodaRacing Aprilia RSV4 1m 32.892s
16. Mike Jones AUS Desmo Sport Ducati 1199R 1m 33.051s
17. Sylvain Barrier FRA Pedercini Kawasaki ZX-10R 1m 33.147s
18. Fabio Menghi ITA VFT Ducati 1199R 1m 33.251s
19. Josh Hook AUS Grillini Kawasaki ZX-10R 1m 33.792s
20. Alex de Angelis RSM IodaRacing Aprilia RSV4 1m 33.979s
21. Karel Abraham CZE Althea BMW S1000RR 1m 34.706s
22. Dominic Schmitter SUI Grillini Kawasaki ZX-10R 1m 35.640s
23. Saeed al Sulaiti QAT Pedercini Kawasaki ZX-10R 1m 36.121s
24. Imre Toth HUN Team Toth Yamaha R1 1m 36.463s
25. Peter Sebesteyen HUN Team Toth Yamaha R1 1m 37.927s

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

MotoGP шампионот, Марк Маркез, вели дека шасијата, перформансите на моторот како и поголемата концентрација се главните причини зошто има толку малку инциденти за време на трките.

Денеска ви носиме нови вести околу продажбата на мотоцикли.

Малата разлика во поразите на трките во Катар и Муџело покажува дека возачот на Honda е способен да победи на патеките кои му одговараат на мотоциклот на Ducati.

„Ги финализираме преговорите со возачот и неговиот менаџер. Се надеваме дека наскоро ќе ја слушнеме нивната одлука“ - Алекс Маркез ќе остане дел од Moto2 и ќе вози за Marc VDS?

Една од најинтересните работи кои ги видовме за време на WorldSBK трката која се возеше во Лагуна Сека беше преставувањето на најновиот модел кој ни доаѓа од фабриката во Болоња, Ducati Panigale V4 25° Anniversario 916.

Вообичаено, ова би требало да биде најдобриот период за забавниот парк во Калифорнија, но тој е затворен поради реновирање.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

  • 10 Август 2019 - 10 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Битола

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

  • 31 Август 2019 - 01 Септември 2019
  • Патека Плевен
  • Долна Митрополија, Бугарија

  • 07 Септември 2019 - 09 Септември 2019
  • Република Македонија

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.