Kawasaki објави дека по завршувањето на сезоната 2019 од Светскиот Супербајк шампионат ќе ја прекине соработката со Леон Хаслам.

Kawasaki објави дека по завршувањето на сезоната 2019 од Светскиот Супербајк шампионат ќе ја прекине соработката со Леон Хаслам. Неговото место во тимот се очекува да го преземе Алекс Ловс.

Откако ја освои Британската Супербајк титулата во 2018 година со тимот на Kawasaki, Хаслам повторно се врати во серијата, овој пат во фабричкиот тим на Kawasaki. Тој беше замена за Том Сајкс.

Но после само една сезона Хаслам ќе го напушти тимот откако не успеа да се приближи до резултатите на неговиот тимски колега, Џонатан Реа, кој ја освои петата светска титула. Во моментов, Хаслам се наоѓа на шестата позиција во генералниот пласман.

LeonHaslam txt 08 10

Оваа сезона тој исто така беше дел од победничкиот тим на Kawasaki кој настапи на трката Suzuka 8 Hour. Тоа за тимот беше прва победа на оваа трка по пауза од 25 години.

„KRT и KHI му посакаа добредојде на Леон во тимот после девет години соработка со Том Сајкс.  Тоа беше одлична можост за него откако победи во Британската Супербајк серија“, изјави Гим Рода, тимски менаџер на KRT.

„Главната задача во 2019 година беше Леон да види како функционира тимот на KRT и да го крене нивото на возење на една повисока скала. Победата на трката Suzuka 8 Hours заедно со Џонатан Реа секако деке беше неверојатен успех. Тука секако се и неколкуте места на подиумот во WorldSBK серијата.“

„За да се постигне сето ова е потребно големо знаење а Леон покажа дека го има тоа и покрај тоа што три години беше надвор од шампионатот. Да не заборавиме и дека оваа година тој имаше неколку повреди кои сигурно влијаеа на конечниот резултат.“

„Се надевам дека Леон ќе остане дел од нашата фамилија и во 2020 година и ќе го искористи неговото знаење на фабричкиот Ninja мотоцикл за да постигне уште поголем успех.  Сите во KRT му посакуваме голем успех во иднина.“

Хаслам се поврзува со премин во тимот на Puccetti Kawasaki но не е отфрлена опцијата тој повторно да се врати во BSB шампионатот.

Ловс, кој неодамна ја напушти Yamaha ќе го преземе местото на Хаслам во KRT и следната сезона ќе биде тимски колега на Џонатан Реа.

Back To Top