Mediaset официјално потврди дека Макс Биjаџи ќе биде новиот технички коментатор на WSBK трките оваа сезона и ќе започне со работа на првата трка во Австралија.

max-biaggi-misano

Mediaset официјално потврди дека Макс Биjаџи ќе биде новиот технички коментатор на WSBK трките оваа сезона и ќе започне со работа на првата трка во Австралија.

Италијанскиот радиодифузер се стекна со правото да ги пренесува трките од трите класи од Светскиот Супербајк шампионат во наредните три години, но ќе го загуби правото за пренос на трките од MotoGP кое што го имаа во последните десет години. Ова веројатно се должи на фактот дека компанијата во 2012 година имаше намалување од  12% на приходите од рекламирање и покрај тоа што има 63% од вкупниот пазар на реклами во земјата.

Според Карло Пернат, Биjаџи преговарал директно со неговиот пријател Пиер Силвио Берлускони, извршниот потпретседател на Mediaset, и неговото доаѓање ќе го промени тимот на коментатори за MotoGP и WSBK кој што беше направен од страна на редакцијата.

Биjаџи се повлече од трките во 2012 година со 6 светски титули зад себе и несомнено ќе понуди многу интересен технички поглед на шампионатот како и анегдоти од неговата долга кариера, но дали Римскиот император ќе успее да ги задржи гледачите пред ТВ приемниците?

Back To Top