Почнувајќи од 2018 година, Аргентина ќе стане домаќин на трка од Светскиот Супербајк Шампионат откако комплетно новата „Villicum“ патека ќе се приклучи на серијата.

Почнувајќи од 2018 година, Аргентина ќе стане домаќин на трка од Светскиот Супербајк Шампионат откако комплетно новата „Villicum“ патека ќе се приклучи на серијата.

Патеката е речиси 60 проценти готова и организаторите се надеваат дека до крајот на годината ќе добијат и одобрение од страна на FIM. Дизајнирана е од архитектот Леонардо Стела.

wsbk wsbk announcement 2017 carmelo ezpeleta dorna group ceo and orly terranova ceo of osd

Со оваа трка, Аргентина ќе стане 26-тата земја која ќе биде домаќин на трка од оваа серија и прва во историјата која доаѓа од Јужна Америка.

Ќе биде долга 4.2 километри и ќе има 19 свиоци од кои 11 на лево и 8 на десно. Областа каде ќе се наоѓа патеката веќе е позната во мотоспортот и е дел од релито Дакар.

Зборувајќи за договорот, извршниот директор на Dorna, Кармело Ецпелета изјави: „Без сомнение, ова се одлични вести. Фактот дека Аргентина ќе биде дел од Светскиот Супербајк шампионат е чекор напред. Во земјата има голема пасија за мотоспортот, а тоа се гледа и тоа што тука се оддржуваат две од најважните трки во светот.“

Орли Теранова, извршниот директор на OSD групацијата, додаде: „Среќен сум што оваа патека – која веќе го доби првото одобрение од страна на FIM-ќе ни овозможи да бидеме дел од уште еден светски настан. Исто така таа ќе привлече и други серии од мотоспортот. Веруваме дека ова е можност и за Аргентина да има уште еден шампионат на својата територија. Оваа патека, која е сместена во близина на легендарната рута 60, ќе придонесе за позитивен импакт во целиот регион.“

Back To Top