Стигна и официјална потврда дека Алваро Баутиста ќе се приклучи на супербајк тимот на Honda во 2020 година.

Honda потврди дека потпишале договор со Алваро Баутиста и дека тој ќе биде дел од нивниот Супербајк проект во сезоната 2020.  Веќе неколку недели се очекуваше преминот на Шпанецот од Ducati во Honda. Во пресрет на трката која ќе се вози во Франција, тимот и официјално ја соопшти ваквата одлука.

Договорот се совпаѓа и со одлуката на Honda да има целосен фабрички тим кој ќе биде дел од WorldSBK серијата во 2020 година. Се очекува екипата да настапува со новиот CBR1000RR Fireblade.

„Среќни сме што можеме да му посакаме добредојде на Алваро Баутиста во нашиот проект“, изјави претседателот на HRC, Јошишиге Номура.

„Неговото доаѓање ја потврдува нашата посветеност да бидеме најдобри во сите мотоспорт категории, да се бориме за најдобрите резултати и да ги имаме најдобрите технолошки иновации. Сето ова се прави со цел нашите фанови но и нашите потрошувачи да бидат среќни и задоволни. “

„Алваро е многу брз и искусен возач кој веќе покажа дека има одличен однос и е многу компетитивен. Убедени сме дека ќе даде голем придонес и ќе помогне во развојот на нашиот проект .“

Bautista txt 23 09

Зошто Алваро Баутиста се приклучува на Honda?

Иако делува чудно одлуката да напуштиш тим со кој изминатава година си стигнал до 15 победи и да го замениш за екипа која во 2019 година само три пати завршила меѓу најдобрите десет мотоцикли на патеката, сепак, самиот проект на Honda ветува многу.

Во изминативе неколку години тимот беше дел од неколку сателитски екипи, Ten Kate, Moriwaki Althea, но сега одлучија да формираат сопствена екипа која според моќноста но и финансиите би можела да го надмине дури и Kawasaki.

Како што кажа Номура, екипата има за цел да бидел лидер во мотоспортот. Тие веќе се дел од Формула 1 (Red Bull, Toro Rosso), MotoGP, WorldSBK па дури и WTCR. Според последните информации, седиштето на компанијата ќе биде во Шпанија каде што се наоѓа и екипата која е дел од MotoGP проектот. Накратко кажано, Honda многу сериозно гледа на целата работа.

Во однос на Баутиста, и покрај досегашниот успех, можноста да го врати тимот на Honda на врвот сигурно му делува примамливо.

Back To Top