WSBK

Победа за Реа на првата трка во сезоната

Џонатан Реа на најдобар можен начин ја започна одбраната на титулата откако забележа победа на првата трка во сезоната на патеката Филип Ајленд.

Следете нè на:

 

Џонатан Реа на најдобар можен начин ја започна одбраната на титулата откако забележа победа на првата трка во сезоната на патеката Филип Ајленд.

rea pobeda filip ajlendПобеда за Реа на Филип Ајленд

Возачот на Кавасаки воопшто немаше лесна работа, а за да следиме возбудлива трка се погрижи Чаз Дејвис кој не успеа да дојде до победата за неверојатни 0.042 делови од секундата колку што заостана зад Реа.

Возбудливата трка на Филип Ајленд започна со група од 7 возачи кои се менуваа на чело на колоната, вклучувајќи ги Реа, Дејвис, Сајкс, Меландри и Ловс. Од седморката само Марко Меландри не ја заврши трката, тој во 15-от круг излета од патеката и видно фрустриран неславно ја заврши првата трка иако возеше одлично.

Во последните пет круга беше видлива истрошеноста на гумите, па во битката за победата останаа Реа и Дејвис. Возачот на Дукати тимот се обиде да го помине Реа на почетокот на последниот круг но не успеа во тоа, а Том Сајкс излезе од борбата за победата само еден круг претходно.

На крајот со тесната разлика (0.042) Реа дојде до победата, а Сајкс дојде до третото место со предност од 0.032 пред Алекс Ловс кој можеше да и го донесе првиот подиум на Јамаха по 2015 година.

Следевме возбудлива трка, не ја пропуштајте втората која на програмата е изутрина со почеток од 5 часот и со пренос во живо на ЕуроСпорт 1 каналот.

1. Jonathan Rea GBR Kawasaki Racing ZX-10R 22 laps 
2. Chaz Davies GBR Aruba.it Racing Ducati 1199R +0.042s 
3. Tom Sykes GBR Kawasaki Racing ZX-10R +1.050s
4. Alex Lowes GBR PATA Crescent Yamaha R1 +1.082s 
5. Leon Camier GBR MV Agusta RC F4 RR +3.002s 

6. Xavi Fores ESP Barni Ducati 1199R +3.320s 
7. Jordi Torres ESP Althea BMW S1000RR +8.725s 
8. Eugene Laverty IRE Milwaukee Aprilia RSV4 +12.135s 
9. Michael van der Mark NED PATA Yamaha YZF-R1 +12.180s 
10. Randy Krummenacher SWI Puccetti Kawasaki ZX-10R +12.439s
11. Nicky Hayden USA Red Bull Honda CBR1000RR SP2 +19.344s 
12. Markus Reiterberger GER Althea BMW S1000RR +21.336s 
13. Roman Ramos ESP Team Go Eleven Kawasaki ZX-10R +24.866s 
14. Alex de Angelis SMR Pedercini Kawasaki ZX-10R +24.902s
15. Stefan Bradl GER Red Bull Honda CBR1000RR SP2 +28.936s 
16. Riccardo Russo ITA Guandalini Yamaha YZF-R1 +39.404s
17. Ayrton Badovini ITA Grillini Kawasaki ZX-10R +42.941s 
18. Ondrej Jezek CZE Grillini Kawasaki ZX-10R +48.043s 

Без пласман
Marco Melandri ITA Aruba.it Racing Ducati 1199R
Josh Brookes AUS ER Motorsports Yamaha YZF-R1
Lorenzo Savadori ITA Milwaukee Aprilia RSV4 

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.