Сајкс дојде до победа во Германија откако на два круга до крајот трката беше прекината заради стравотните падови на Џонатан Реа и Леон Камиер.

tom-sykes-wsbk-moscow-russia-kawasaki-racing

Победа за Сајкс на првата трка во Нирбургринг која имаше драматичен финиш

Сајкс дојде до победа во Германија откако на два круга до крајот трката беше прекината заради стравотните падови на Џонатан Реа и Леон Камиер.

Возбудлива прва трка на Нирбургринг следевме денеска, времето иако беше облачно остана суво за време на целата трка што помогна да гледаме многу повеќе претекнувања.

Сајкс возеше одлична трка и ја водеше колоната од почетокот се до два круга пред крајот кога Меландри успеа да го помине од внатрешната страна на првиот свиок. Но веднаш потоа следуваше црвеното знаме заради стравотниот пад на Џонатан Реа, а секунди подоцна и на Леон Камиер заради што трката беше прекината.

Според правилата, при прекин на трка се задржуваат местата кои ги имале возачите во кругот кој е веќе завршен. На тој начин Сајкс дојде до победа во првата трка, а Меландри мораше да се задоволи со второто место. Џонатан Реа иако беше четврти во моментот на падот, неговиот резултат не се брои со што Гинтоли дојде до бодовите од четвртата позиција и ја задржа предноста во генералниот пласман.

Падот се должеше на Федерико Санди, односно откажувањето на неговиот мотор при што истече уље на патеката на многу незгодно место пред влезот во самиот свиок.

1. Том Сајкс (Кавасаки)
2. Марко Меландри (БМВ)
3. Чаз Дејвис (БМВ)
4. Силвијан Гинтоли (Априлија)
5. Давиде Џулијано (Априлија)
6. Мишел Фабрицио (Априлија)
7. Леон Хаслам (Хонда)
8. Џулс Клузел (Сузуки)
9. Аиртон Бадовини (Дукати)
10. Карлос Чека (Дукати)

Во генералниот пласман Гинтоли води со 275 бода, само еден повеќе од Том Сајкс (274) и 34 повеќе од Марко Меландри (241). На четвртата позиција е Лаверти со 227 бода, а петти е Чаз Дејвис со 196 бода.

Втората трка денеска се вози со почеток во 15.30 часот, а пренос може да се следи преку стриминг на http://www.sportcategory.com/c-10.html

Back To Top