Поранешниот возач на Tech 3 Yamaha, Јонас Фолгер, во сезоната 2020 ќе биде дел од WorldSBK серијата откако потпиша договор со IDM Superbike Yamaha.

Јонас Фолгер ќе настапи на најмалку три трки од сезоната 2020 во WorldSBK шампионатот откако потпиша договор за настап во Германската IDM супербајк серија.

Германецот настапуваше за Tech 3 Yamaha во 2017 година додека беше дел од MotoGP. Сепак, откако се разболе, мораше да ја пропушти целата следна сезона. Оваа година настапи на неколку трки од Moto2 шампионатот и очекуваше дека во иднина ќе биде дел од тест тимот на Yamaha MotoGP. Сепак, на крајот не дојде до договор меѓу двете страни.

Бидејќи во моментов нема слободно место во некој од тимовите кои се дел од Moto2, Фолгер првично требаше да потпише договор за настап во WorldSSP шампионатот. Тој требаше да биде дел од Kiefer Racing тимот но работите се променија и тој потпиша договор со MGM Racing кој е дел од IDM.

Jonas Folger txt 27 11

Со овој договор, следната година тој ќе настапи на најмалку три трки во WorldSBK шампионатот, меѓу кои во Асен, Ошерслебен и Барселона.

„После турбулентните неколку недели и месеци, одлучив да бидам дел од Германскиот шампионат (IDM). Мислам дека ова е одличен нов почеток за мене а во исто време сум задоволен од промената на средината.“

„Целта ми е да почнам од нула, да стекнам самодоверба и да тргнам по нов пат кој на крајот треба да ме однесе до Светскиот Супербајк шампионат.“

„Веќе ми е познат R1 иако очекувам Superbike IDM верзијата да биде поинаква од мотоциклот со кој досега настапував. Ги знам предностите на Yamaha и знам дека тоа е компетитивен мотоцикл со кој ќе можам да се борам за победа.“

Јонас Фолгер планира во 2021 година да биде дел од WorldSBK.

Секако дека инспирација за ова му е Скот Рединг. Но со оглед на тоа дека речиси две сезони е надвор од натпреварувањето, ќе мора пополека да ја враќа формата. Затоа и логичен е настапот во помалку компетитивната IDM серија.

А бидејќи во сезоната 2020 од WorldSBK серијата нема да има Германски натпреварувач, сигурно и Dorna би сакала ова да се промени.

Back To Top