Алваро Баутиста ја започна втората трка во Лагуна Сека но се повлече после еден круг поради болки во рамото.

Алваро Баутиста ја напушти Лагуна Сека со само еден освоен поен. Повредата која ја доби после падот во Superpole трката го примора предвреме да ја заврши втората трка.

Возачот кој доминираше во досегашниот дел од шампионатот во последно време нема премногу среќа.

alvaro bautista.txt 15 07

За време на Superpole трката тој повторно падна, ова за него беше четврто излетување во последните осум трки, откако дојде во контакт со Торпак Разгатлиоглу.  Овој пат заврши со посериозна повреда откако во болница беше потврдено дека има дислокација на рамото.

Иако се појави на стартот на втората трка, возачот на Aruba.it Ducati мораше да се повлече после само еден круг. За среќа Шпанецот сега има осум недели да заздрави од повредата но и да ја врати формата која ја имаше на почетокот на сезоната.  Џонатан Реа сега го презеде водството на табелата и за само четири трки успеа да направи удобна предност.

Back To Top