Новиот Kawasaki ZX-10RR ја имаше светската премиера на вториот ден од WorldSBK тестот во Херез и веднаш беше близу до уривање на рекорд.

Долго очекуваната следна генерација на Kawasaki ZX-10RR за прв пат беше преставена на пост сезонскиот тест а Џонатан Реа веднаш се обиде да постигне најдобро време во Херез.

Оваа машина го наследи моделот кој на Реа му помогна да дојде до шестата титула во WSBK серијата. Сепак, од Kawasaki се уште не ги откриваат сите детали на новиот Ninja. Како што велат од компанијата, така ќе биде се до официјалната презентација на мотоциклот која е закажана за 23-ти Ноември.

Визуелно гледано, има промени кај предниот дел на Kawasaki ZX-10RR и во споредба со неговиот претходник, тој е позаоблен. Така е дизајниран за да биде поаеродинамичен и да се подобри стабилноста на предниот дел. Се очекува и моќноста на оваа машина да биде поголема со цел да се израмни со Ducati Panigale V4 R и Honda CBR1000RR-R.

Kawasaki ZX 10RR txt 20 11

Реа и неговиот тимски колега, Алекс Ловс, извозеа неколку круга на патеката. Резултатот кој го постигна Реа од 1 минута и 38.324 секунди е за само една десетинка побавен од рекордот на патеката.

Веднаш зад Реа се најде Торпак Разгатлиоглу а потоа следуваше Ловс. Герет Герлоф, кој настапи со машината на Yamaha која ги има најновите спецификации, беше четврти додека пак возачот на Honda, Леон Хаслам, беше петти.

Андреа Локатели продолжува да се аклиматизира на WorldSBK машината и заврши на шестата позиција. Неговиот ривал од WorldSSP, Лукас Маиас, заврши на седмото место.

Алваро Баутиста ја освои осмата позиција а веднаш зад него беше новиот возач на GRT Yamaha, Коха Нозане. Исак Вињалес и Лорис Кресон ги освоија последните две места.

Back To Top