Џонатан Реа го започна WorldSBK викендот со заостанување од 16 поени на табелата. Но после победите, тој сега има предност од 24 поени во однос на Алваро Баутиста.

Џонатан Реа си замина од осмата трка оваа сезона со предност од 24 поени на табелата откако успеа да стигне до три победи во текот на викендот. Откако успеа да стигне до победа на трката која се возеше на влажни услови во саботата како и на Суперпол трката, Реа беше супериорен и на трката во неделата.

Единствен кој можеше да го стигне беше неговиот колега од Kawasaki, Торпак Разгатлиоглу.  Во првите неколку круга двајцата возачи наизменично ги менуваа позициите. Но после една грешка на Разгатлиоглу во дванаесетиот круг, Реа успеа да избие напред. Иако ќе го следи докрај, тој сепак нема да успеа доволно да му се приближи за да го претекне.

Rea DonningtonPark txt 08 07

На крајот на викендот, Алваро Баутиста успеа да дојде до третото место. Четврти беше Алекс Ловс кој успеа да ги претекне Леон Хаслам и Лорис Баз.

Том Сајкс, кој стартуваше од десетото место ,на крајот со неговиот BMW успеа да дојде до седмата позиција а веднаш зад него беа Мајкл ван дер Марк и Чез Дејвис.

Марко Меландри ја комплетираше листата на десет најдобри возачи. Зад него завршија Питер Хикман, Мајкл Рубен Риналди и Сандро Кортезе. Леандро Меркадо и Алесандро Делбианко ги освоија последните места кои носат поени.

Back To Top