Скот Рединг од следната година ќе настапува во Британскиот Супербајк шампионат, но целта на Рединг е две сезони подоцна да дојде до фабрички мотоцикл во Супербајк шампионатот.

Скот Рединг иако само што ги соопшти своите планови за сезоната 2019, сепак 25 годишниот возач веќе си постави цел да стане дел од некој фабрички супербајк тим во 2021 година. Откако го загуби местото во тимот на Aprilia, Рединг последните неколку месеци размислуваше во однос на неговата иднина во спортот. На крајот дојде до заклучот дека преминот во BSB серијата е најдобар избор за неговата кариера.

scott reding misano

Со оглед на тоа дека во моментов нема слободни места во некој Супербајк тим за следната сезона, Рединг одлучи да замине во Британија со тимот на Be Wiser Ducati каде планира да помине две години пред повторно да се врати во Супербајк серијата. Во 2021 година се очекува да се ослободат неколку места со оглед на тоа дека истекуваат договорите на Џонатан Реа и Чез Дејвис.

„Сум бил дел од MotoGP, сум се натпреварувал таму и не сум се откажал од идејата да бидам Светски шампион. Шансите да го направам тоа сега во MotoGP се многу мали, затоа одлучив да поминам неколку сезони во BSB серијата, а потоа да преминам во Светскиот Супербајк шампионат и да се обидам таму да ја освојам титулата. Почнувам ново поглавје во мојата кариера.“

Back To Top